|
Основи на бекап и EMC2 DataDomain како уред на кој се
|
|
прави бекап
|
Бекап е копија на податоците која се прави како заштита од губење на податоците. До губење на податоците може да дојде од најразлични причини како на пример:
-
Грешка на корисникот (корисникот по грешка избришал одреден фајл);
-
Злонамерно дејство (незадоволен вработен избришал некои документи);
-
Софтверски проблем како на пример корупција на базата на податоци;
-
Злонамерно дејство однадвор вируси напади од надвор;
-
Поголеми хаварии (пожари, разни оштетувања) или елементарни непогоди (поплави удари од гром ит.н.).
За да се направи беклап потребно е да се имаат две компоненти:
Бекап хардвер и медиум
Традиционално бекапот се прави на таканаречени Tape Library овие уреди сеуште се користат но се базирани на механички компоненти.
Технолошки овие уреди имаат неколку крупни недостатоци:
-
Поради користењето на механички компоненти релативно често се случува да откажат делови од системот;
-
Механичките делови исто така го успоруваат запичувањето и читањето од медиумите;
-
Поради секвенцијалниот начин на запис на лентата релативно е споро пребарувањето и читањето од лентата;
-
Чест е проблемот лентата да е нечитчлива поради проблем со магнетниот запис;
-
Конфигурирањето на лентите во големи околини често е доста комплексно а исто така и нивното менаџирање затоа што има многу ленти.
Од друга страна магнетните медиуми имаат и предност тоа е што се евтини и лесно можат да се преместат надвор од локацијата во сеф.
Поради претходните проблеми денес се повеќе се користи бекап на дискови кои ги немаат тие проблеми.
Генерално постојат следниве начини на бекап на диск:
-
Софтверски backup-to-disk бекап апликацијата се конфигурира да користи простор на достапни дискови на кои што го сместува бекапот;
-
Специјализирани уреди за backup-to-disk. Во индустријата овие уреди се нарекуваат уште и VTL Virtual Tape Library затоа што кај најголем дел од производителите софтверот на овие уреди симулира Виртуелна библиотека на ленти.
Покрај ова специјалните уреди за бекап нудат и одредени дополнителни опции кои што библиотеките на ленти ги немаат како што се на пример:
Бекап софтвер
На пазарот постојат 10 тина познати тадиционални бекап апликации. Една од најпознатите е EMC Networker.
Која е улогата на бекап апликацијата:
-
Овозможува конфигурирање на бекапот;
-
Го контролира процесот на бекап;
-
Чува информации за сите објекти кои се бекапирани;
-
Комуницира со апликациите (пр база на податоци или еџцханге) и прави т.н. онлине бекап;
-
Комуницира со бекап уредите и.т.н.
Бекап хардвер EMC DataDomain
EMC DataDomain е хардверски уред за бекап на податоци на дискови што не е само обична библиотека на дискови туку има и функции како што се:
-
Inline (во лет) дедупликација со голема брзина. Како што податоците поминуваат низ уредот тие се дедуплицираат и тоа без да се оптеретат ресурсите затоа што тоа се прави во процесорот а не во дискот како што се прави кај останатите уреди. EMC DataDomain-от користи алгоритам за дедупликација кој е базиран на математички формули од теорија на веројатност и поради тоа податоците во EMC DataDomain от се дедуплицираат побрзо во споредба со останатите уреди. Дедупликацијата овозможува да на еден EMC DataDomain се чуваат 10-20 пати повеќе податоци значи еден EMC DataDomain заменува библиотека на дискови од 10-20 пати поголем капацитет;
-
Дедупликацијата се прави со варијабилни блокови по големина, со што оптимално се искористува просторот на дисковите;
-
Алгоритамот на дедупликација ги препознава сите најчесто користени бекап апликации (EMC Networker, Symantec NetBackup i Backup Exec, IBM TSM, HP Data Protector) значи EMC DataDomain може да се користи како бекап уред без ограничување на софтверот;
-
Податоците покрај тоа што се дедуплицираат уште и се компресираат што доведува до уште поголема искористеност на просторот;
-
Податоците запишани на EMC DataDomain-от поминуваат низ повеќе нивоа на проверка и верификација така да не е можен проблем со читливоста на податоците;
-
Податоците од EMC DataDomain-от можат да се префрлат и на лента користејќи ги функционалностите на бекап софтверот;
-
Disaster Recovery EMC DataDomain от може да ги реплицира податоците на друг EMC DataDomain со што ќе имаме Disaster Recovery а и една алтернатива на носењето на податоците во сеф исто така податоците што се реплицираат се веќе дедуплицирани со што се врши оптимизација на WAN линкот;
-
Потполна редундантност сите делови де редундантни и единствено нешто што може да се расипе е дискот кој пак е заштитен со RAID 6 ниво значи може да откажат два диска во исто време без да има проблем со податоците;
-
Нема проблем со нечитливост на податоците после определено време исто поради RAID 6 нивото на заштита на податоците;
-
Конфигурацијата на бекап околината е неколку пати полесна во споредба со библиотеката на ленти;
-
LAN и SAN бекап по пребирливите апликации можат да бекапираат преку SAN а помалку пребирливите апликации можат да користат бекап преку LAN.

слика 1. Поставеноста на EMC DataDomain во корпоративниот систем

слика 2. Портфолио на модели од производот EMC DataDomain
# # #
За Логин Системи
Формиран во 1991 година, Логин Системи е водечки регионален увозник и дистрибутер на најголемите софтверски компании во светот (Microsoft, McAfee), најуспешните производители за комуникациска опрема (Linksys-Cisco, LG-Nortel, Zyxel), светскиот лидер во областа на компјутерската опрема и услугите (Hewlett-Packard), визионерот за информатички инфраструктурни решенија за складирање (EMC) како и на Hyundai IT.
Повеќе информации за Логин Системи може да се добијат на www.loginsys.com.mk или на телефон (02) 3090 099 локал 125.
# # #
За EMC
EMC е глобална компанија која нуди технологии и решенија за информатички инфраструктури, овозможувајќи им на компании од сите големини, да го револуционираат својот конкурентски пристап како и да создадат поголема вредноста од информациите кои ги поседуваат.
EMC им помага на корисниците да се фокусираат на информациите наместо на информатичките технологии, во смисла на максимален раст на вредноста на информацијата, унапредување на големината на услугите, побрзи реакции на пазарните промени и заштита на информацијата од губиток или неавторизиран пристап.
Нивните решенија се темелат на интелегентни и флексибилни информациски структури. Производното портфолио се состои од хардверски и софтверски решенија за сместување на податоци, архивирање, бекап и поврат на податоци, интелигентно менаџирање со податоци, репликација вируелизација и друго.