|
Годишна Партнерска Конференција на Логин Системи
|
|
Деловните предизвици пред македонските ИТ компании
|
| На деловните предизвици со кои се соочуваат македонските компании треба да се одговори со широка палета на модерни решенија од светски врвни производители. |
На 28 Октомври, во Драмскиот Театар, Скопје, Логин Системи ја оддржа својата годишна партнерска конференција пред 100 најзначајни компјутерски фирми од Македонија. Овие фирми во улога на реселери на Логин Системи ги нудат производите и решенијата кој ги увезува и дистрибуира Логин Системи, кај крајните корисници.
|

|
|
Татјана Бошевска говори за светските трендови во ИКТ индустријата
|
Конференцијата која оваа година беше повеќе бизнис ориентирана започна со предавање на Татјана Бошевска, оперативен директор на Логин Системи. Таа говореше за светските трендови во ИКТ индустријата, како и новите производи и решенија од нашите вендори кои секако ги следат тие трендови. „Според Computer Industry Almanac, онлајн популацијата во 2008 година достигнала бројка од 1,49 билиони луѓе, од минатогодишните 1,35 билиони луѓе. Тоа секако претставува предизвик за производителите на комуникациски решенија и хардвер.“ – изјави Татјана Бошевска. Трендовите говорат дека денешната комуникациска околина во компаниите, која е доста фрагментирана, се повеќе ќе се интегрира со помош на софтвер.
Бојан Милиновиќ, Nortel-MS Sales & Services Team Manager, покажа со конкретни примери како функционираат интегрираните комуникациски решенија од реномираната компанија LG-Nortel наменети за средни и големи компании, организации, хотели и слично. На сцена беше презентирано во живо како заедно функционираат софтверските решенија од Microsoft – Unified messaging со Microsoft Exchange Server и Microsoft Office Communications Server; и телефонската централа од LG-Nortel која поврзана со Интернет нуди неограничени комуникации.
|

|
| Сите учесници добија конференциски пакет, во HP ташна. |
Голем интерес кај публиката пројави предавањето на Васил Карев, Navision Services Manager, за ЕРП решението Microsoft Dynamics Nav. Тоа е софтвер кој ги интегрира сите процеси, функции и вработени во една компанија. „Следејќи го големиот раст на корисниците на вакви решенија во нашиот регион, и развојот на компаниите, очекуваме бројот на имплементациите на ваков софтвер во Македонија да се зголеми неколку пати.“ – изјави Васил Карев.
На конференцијата се говореше и за услугите кои Логин Системи ги нуди кон своите реселери, како поддршката за заедничко учество на тендери и нивно добивање, за ефикасни логистички услуги, како и за важноста на Грижата за корисници и сервис.
|

|
| Предавањето на Венко Глигоров |
Делот со предавањата го затвори генералниот директор на Логин Системи, господинот Венко Глигоров, говорејќи за новите трендови кај бизнисите во Македонија. Меѓу другото тој говореше за начините за зголемување на продуктивноста кај вработените во компаниите, како и за практични пристапи за додавање на вредност во процесот на продажба на производи и услуги.
И оваа година, Логин Системи доделија награди на најдобрите реселери за преиодот Октомври 2007 – Септември 2008. Успехот на овие реселери беа категоризирани, во однос на тоа кој остварил најголеми приходи од производи и решенија, и тоа:
1. Најдобар Партнер за Linksys производите е Неотел, кој доби награда Linksys NAS200 – домашен сториџ.
2. Најдобар партнер за HP, во делот ESG (серверски решенија) е Дуна Компјутери, кои добија HP iPAQ 514 мобилен телефон/PDA.
3. Најдобар партнер за HP, во делот SMB и Consumer сегмент (IPG, CONS) e Промедиа, кои добија HTC S730 мобилен телефон/PDA.
4. Најдобар партнер за HP, во делот PSG, е Еуро Компјутер Системс, кои добија HP iPAQ rw6815 мобилен телефон/PDA
5. Најдобар партнер за Мicrosoft, е Неоком, кои добија SONY домашно кино DAV-DZ630 DVD 5.1.
6. Главната награда Sony комплет производи (STR-DG510 5.1 Channel AV Receiver, SS-FCR4000 Speaker System и RDR-HX650 HDD Recorder) отиде кај Партнерот со најголем реализиран промет и Партнер со најголем раст во прометот од минатиот период – Нико Компјутери.
По доделувањето на наградите и сесијата со прашања и одговори, учесниците учествуваа на коктел во холот на драмскиот театар, каде беа поставени штандови со производи.
Демо сесија и штандови
|

|
| Пред штандот на LG-Nortel и Microsoft |
На овогодинешната конференција, во холот на Драмски Театар, беше во живо претставено како производите и решенијата кои ги нуди Логин Системи функционираат.
Ѕвезда на конференцијата беше телефонската централа од LG-Nortel, која функционира на принципот на унифицирани комуникации. На истата опрема посетителите имаа можност да видат како се користат и самите да ги тестираат, најновите технологии за Unified messaging со Microsoft Exchange Server и Microsoft Office Communications Server. Се разбира, за да може сето тоа беспрекорно да функционира, целиот софтвер беше поставен на најновите модели на декстоп компјутери, лаптопи и сервери од HP. Посебно интересни HP ProLiant серверите од ML серијата, чии куќишта беа отворени, па можеше да се разгледа што содржат внатре.
|

|
| Штандот на LG-Nortel и Microsoft |
Linksys се представи со network storage, NAS200, на која беше додадена IP камерата од Cisco, PVC2300, со што се добива одличен систем за видео надзор.
Од палетата на HP IPG имаше мултифункциски принтери во боја HP CLJ CM1312nfi, кои имаат можност да препознаваат текст на кирилица (OCR), потоа HP Color Laser Jet 2020 серијата на печатачи, како и најекономичните се-во-едно InkJet печатачи за канцелариска употреба. Присутните на конференцијата добија подарок фотографија печатена на HP PhotoSmart печатач, за спомен од нашиот настан. Се печатеа и фотографии во голем формат на HP design jet z2100 плотер.
|

|
| Новиот SONY XEL-1 OLED телевиор на штандот на SONY |
Нашиот најнов бренд SONY се представи со SONY XEL-1, извонредно тенкиот OLED телевизор (само 3мм), со неверојатен динамички контрастот од преку 1,000,000:1, кој на нашиот пазар ќе се нуди од Јануари 2009. Вистинска атракција беше и симпатичниот SONY SEP-30BT - Rolly™, танцувачки музички плеер, а присутните се забавуваа и на Smile Shutter штандот (технологија кај Cyber-Shot фотоапаратите од SONY), каде требаа да се насмевнат за дигиталниот апаратот W-150, да ги фотографира. |