Скопје, среда, 02.09.2009. Вчеравечер, со почеток во 20 часот во кафе барот „Форца“, Логин Системи ги собра на едно место своите продажни партнери, со цел зеднички, да го одбележиме почетокот на новата "бизнис сезона". Забавата, во кубански стил, беше пропратена со звуците на самба и румба, освежувачките коктели Мохито и Каипириња а дополнително ја долови атмосферата самиот амбиент на „Форца“ кој што наликуваше на кубанска плажа.
Дел од атмосферата во Форца
За да биде забавата уште поинтересна, Логин Системи организираше Лотарија за сите реселери.
Така, првата награда Microsoft OEM Life Web Camera (NTA-0003) ја доби „Нитро Компјутери“ од Скопје. „Јонгис“ од Охрид ја добија втората награда SONY NWD-B103/FM MP3 Walkman Black (4905524414578), a третата, главна, награда Linksys Wireless-N Broadband Router (WRT160NL) отиде во Кавадарци кај партнерот „Веб центар“.
Доделувањето на наградите од Наградната Игра BackToBusiness
Атмосферата ја направија уште поинтересна и разиграна, двата танцувачки пара, кои не само што изведоа прекрасни танци на самба туку и ги анимираа присутните и ја доловија вистинската „кубанска“ нота.
Одличен почеток на новата есенска бизнис сезона.
Професионалните танчери им покажаа по некој салса чекор на присутните