|
Логин Системи вложува континуирани напори во збогатувањето на портфолиото на производи и услуги кои ги нуди во регионот. Како резултат на тоа, со веќе постоечкиот партнер - EMC беше потпишан договор кој отвара нови можности за работа на проекти за управување со содржини и решенија за архивирање на податоци.
Управување со содржини во компаниите (Enterprise Content Management)
Овој систем дозволува компаниите целосно да ги искористат информациите кои им се на располагање. Информациската инфраструктура од EMC има вградено врвна заштита, приспоблива е на потребите и пружа постојана достапност на системот. Дозволува да се постават единствени политики за сите информации кои поминуваат во компанијата. Крајниот ефект е минимизирање на ризиците поврзани со управувањето на информации, и целосно искористување на можностите кои ги носат.
Повеќе информации за EMC Content Management решенијата можат да се најдат на: http://www.emc.com/products/category/content-management.htm
Архивирање (Archiving)
Решенијата за архивирање од EMC дозволуваат компаниите да креираат достапни онлајн архиви со низок оперативен трошок и олеснето пребарување низ информациите. Решенијата се во согласност со законските барања и регулативи, поврзани со практиките на архивирање. Со EMC системите за архивирање неколкукратно се зголемува стапката на искористеност и достапност на информациите.
Повеќе информации за EMC Content Management решенијата можат да се најдат на: http://www.emc.com/themes/efficient-it/archiving/archiving.htm
|