|
.jpg)
|
|
Стартот на Windows 7 го означивме со торта (Маја Талевска и Татјана Бошевска)
|
Скопје, 22.10.2009. Денес, Логин Системи, регионалниот увозник и дистрибутер на ИКТ производи и решенија, објавува дека е спремен со дистрибуција на најновиот оперативен систем на Microsoft – Microsoft Windows 7. Светското лансирање на Microsoft Windows 7 се одржува во исто време кога и Логин Системи е спремен за негова продажба во Македонија, Косово и Албанија.
Корисниците ќе може да го набават овој оперативен систем преку купување на нови компјутери во OEM варијанта од продажните партнери на Логин Системи, потоа како надградба во компаниите што имаат волуменско лиценцирање на Microsoft или преку надградба на поединечна копија во продавниците за компјутери и електроника ширум Македонија, Косово и Албанија.
Оперативниот систем Windows 7 е производ на барањата и сугестиите што Microsoft ги доби од милионите корисници ширум светот. Брз и доверлив оперативен систем кој што е производ на значаен технички напредок.
Windows 7 доаѓа во неколку различни изданија: Windows 7 Starter, Windows 7 Home Premium, Windows 7 Professional, Windows 7 Ultimate. Новиот интерфејс овозможува беспрекорна контрола на начинот на кој што компјутерот ги извршува задачите и одржува комуникација со периферните уреди и останати вмрежени компјутери.
Некои од новите карактеристики на Windows 7 се snap функција, live taskbar previews (лесно преминување од еден на друг прозор), Home Group (споделување фотографии, филмови, датотеки, заеднички уреди и печатачи во мрежа), Pin функција (закачување на било кој фајл или програма за taskbar), снимање филмови и други видеа од ТВ на компјутер со Windows Media Center итн.
Безбедноста во чувањето на информации е на највисоко ниво. Заштитени се корисниците, системот, online престојот, интелектуалната сопственост и документите како и неовластеното печатење и препраќање.
„Восхитени сме што го нудиме Microsoft Windows 7, најраширениот оперативен систем во светот и кај нас.“ изјави Венко Глигоров. „Имав прилика да го користам некое време и можам да кажам дека е драматично подобар од Windows XP и Windows Vista и топло им го препорачувам на сите деловни и индивидуални корисници.“
„Сите наши тимови почнувајќи од продажба, маркетинг, техника и логистика се спремни да одговорат на предизвиците што ги носи Microsoft Windows 7“, изјави Маја Талевска, продуктен менаџер за Microsoft во Логин Системи. Според Талевска, заинтересираните за Windows 7 ќе можат да дојдат во просториите на Логин Системи и на поставените демо машини, вистински да го пробаат Windows 7 и сами да се уверат зошто е толку различен од се до сега.
Покрај во Македонија, преку своите фирми-ќерки, Логин Системи ќе врши продажба на Windows 7 и во Албанија и Косово.
По повод лансирањето на Windows 7, Логин Системи подготви слатко изненадување за вработените и за дел од компаниите партнери на Логин Системи (од горе, лево према десно: торта брендирана со лого на Windows 7; во просториите на Логин Системи Скопје; во Неоком; во CCS -Albania)