Повеќе за...
Појаснување
Во текстовите на информациите за јавноста се наоѓаат податоци за адреси, телефони и линкови кои биле важечки во тоа време. За да се зачува оригиналноста на информациите, сите податоци се ставени во изворна форма.
Најважни случувања
1991> Почеток со работа
1993> Прва MS Tech-Ed
1994> Chicago и манастир
1995> Дисти на Microsoft
1997> На сајтот на MS
1998> Win98 знае MK
1998> Прв веб сајт
2000> Иницијатива МАСИТ
2002> Содружник СЕАФ
2002> е-Декларација
2002> Договор со Cisco
2003> Mike Z во ЛС
2003> HP со Логин Системи
2004> Легализациска кампања
2007> Логин Системи инвестира во Косово
2007> Логин Системи се шири во Албанија
2008> Промена на сопственичка структура

 
Прес центар
Објавена листата на компании во ЕСМ Gartner-овиот Магичен Квадрант
EMC Documentum лидер во Enterprise Content Management (ECM) 2009 според Gartner

Објавена листата на компании во ЕСМ Gartner-овиот Магичен Квадрант

EMC2 Documentum лидер во Enterprise Content Management (ECM) 2009 според Gartner  

 

Gartner-овиот “Магичен Квадрант за Enterprise Content Management решенија за 2009. EMC2 ја држи лидерската позиција заедно со најголемите производители на ИКТ.

Ноември 2009. Глобалната агенција за пазарни истражувања – Gartner, во овогодинешниот ECM магичен квадрант го постави EMC2 - светскиот провајдер на производи, услуги и решенија за складирање на електронски податоци и нивно управување - како лидер во производството на Enterprise Content Management (ECM) решенија.

ECM (Enterprise Content Management – Управување на содржини кај компаниите) магичниот квадрант, кој секоја година го подготвува Gartner, претставува слика на ECM пазарот и конкурентската поставеност на најголемите производители. Гартнеровата анализа ја зема во предвид моменталната понуда од вендорите и нивната севкупна стратегија, како и планираните иницијативи/насоки за развој на производите. Гартнер исто така ја зема во предвид движечката моќ на производителите, нивната можност да диктираат промени и да се прилагодуваат  на барањата на пазарот.

ЕМС2 Documentum на ЕСМ пазарот.

EMC2 продолжува да го збогатува своето портфолио на хардвер, софтвер, сервиси и решенија за ЕСМ солуции. Со лансирањето на двата клучни производи, SourceOne (архивирање на електронска пошта) и e-discovery и CenterStage (клиенти за Documentum и унифицирана колаборација), ЕМС2 уште повеќе ги зацврсти своите лидерски позиции. Апликациите за трансакција на содржини, како што се BPM пакетот и Captiva, продолжуваат да бидат атрактивни за големите корисници.

EMC2 Documentum се претставува со следниве предности на ECM пазарот:

Множество на апликативни функционалности за управување со содржини кои ЕМС2 ги испорачува многу поелегантно во однос на останатите лидери на пазарот. Како дополнување на основните компоненти, постојат бројни опции за архивирање, процеси, дигитална евиденција на средства, обрасци, аналитика и складирање. Ниту еден друг производител нема изградено ефективен “стог за управување со содржини” кој ги следи содржините низ целиот животен циклус.

EMC2 агресивно е позициониран со својата развојна платформа на композитната апликација за управување на содржини, користејќи се со вистинските компоненти за да испорача базични конфигурации на своето решение за големите корисници.

EMC2 ја има корисничката база, глобалното присуство, технолошките средства, продажната сила и пораката за да остане на врвот на зрелиот ECM пазар, особено во здравствениот, финансискиот и телкомуникацискиот сектор, како и на медиумскиот пазар.

Преглед на ECM пазарот

ЕCM пазарот покажа двоцифрен пораст од 2004 до 2007, но се намали на едноцифрен пораст во текот на 2008, примарно како последица на глобалната економска криза.

Според Гартнеровата статистика, светскиот приход од ECM софтверски лиценци и одржување изнесува 3.3 милијарда долари за 2008 година.

Гартнер предвидува дека севкупниот софтверски приход на ECM пазарот ќе расте со просечна годишна стапка од 9.5% до 2013.

Подинамичен раст на пазарот се очекува во почетокот на 2010 и тоа со двоцифрена стапка и светски приход од ECM софтвер кој ќе надмине 5.1 милијарда долари пред 2013.

 

Извор на текстот:

Magic Quadrant for Enterprise Content Management – Gartner RAS Core Research Note G00170685

Линк: http://www.EMC.com/about/news/press/2009/20091113-01.htm .

 

# # #

За EMC2 Documentum

EMC2 Documentum, претставува единствена, униформна платформа која овозможува собирање и обработка, управување, процесирање, испорака и архивирање на витални информации кои ги движат деловните операции во компаниите.

Со EMC2 Documentum платформата организациите можат ефективно да менаџираат секаков тип на содржини на било кој јазик, од било кое место преку производи кои се дизајнирани за управување со документи, менаџирање на  Web содржини, дигитално управување на ресурси, управување со деловни процеси, управување со записи, колаборација, корпоративно управување и сообразност.

За Логин Системи

Формиран во 1991 година, Логин Системи е водечки регионален увозник и дистрибутер на најголемите софтверски компании во светот (Microsoft, McAfee), најуспешните производители за комуникациска опрема (Linksys-Cisco, LG-Nortel, Zyxel), светскиот лидер во областа на компјутерската опрема и услугите (Hewlett-Packard), визионерот за информатички инфраструктурни решенија за складирање (EMC) како и на Hyundai IT.

Повеќе информации за Логин Системи може да се добијат на www.loginsys.com.mk или на телефон (02) 3090 099 локал 125.

За EMC2

EMC2 е водечка светска компанија за развој, која нуди технологии и решенија за информатичка инфраструктура, овозможувајќи на компаниите од сите големини, трансформирање на својот конкурентски пристап како и создавање на вредноста од информациите. EMC2 помага на  корисниците да бидат успешни и овозможуваат да се фокусираат на информациите наместо на информатичките технологии, во смисла на максималниот раст на вредноста на информацијата, унапредувањето на големината на услугите, побрзи реакции на промените и заштита на информацијата од губиток или неавторизиран пристап. Нивните решенија се темелат на интелегентни, флексибилни софтверски информациски структури. Воведуваат промени и донесуваат промени за водство. EMC2, место каде што информациите живеат.

 

Назад 

Креиран од markob на 26.11.2009