|
Логин Системи го прослави својот 18-ти роденден
|

|
|
18 годишнината ја одбележавме со голема торта.
|
Скопје, 30.11.2009. Логин Системи, регионалниот увозник и дистрибутер на ИКТ производи и решенија, стана полнолетен. Вработените на Логин Системи, се собраа во кафе барот „Mr. Jack“ за да заеднички, во пријатна и весела атмосфера го одбележат 18-годишното постоење на Логин Системи.
Традиционално, како и предходните години, се доделија награди и признанија за колегите кои се јубилејно неколку години во Логин Системи. Маја Талевска, продуктен менаџер за Microsoft и Андреј Митков, enterprise sales manager, добија подароци и признанија за успешна пет годишна работа и посветеност во Логин Системи. Исто така, колегата Коце Јовчевски се здоби со награда и признанието „Strategy dedication recognition за 2009 година“. Ова ново признание се доделува на вработените во Логин Системи кои ќе покажат најголема самоиницијативност и пожртвуваност во изнаоѓање на нови идеи и решенија кои треба да ни донесат успеси во нашето работење.
Генералниот менаџер на Логин Системи, г-дин Венко Глигоров, одржа краток говор по повод роденденот на Логин Системи и ги потсети своите вработени за значењето на нивната посветеност, идеите и тимскиот дух во остварување на успехот на компанијата, што е воедно и нивен личен успех, надоградба на знаењето и искуство.
На крајот од вечерта, сите вработени добија подарок-книга „Тајна“ од Ронда Бирн, која треба да им помогне во нивниот понатамошен личен и професионален развој.
Вработените кои добија признанија и награди за оваа година (лево: Маја Талевска, Венко Глигоров, Андреј Митков; десно: Маја Талевска, Коце Јовчевски и Андреј Митков)
Дел од атмосферата на забавата во Mr. Jack
|