Повеќе за...
Појаснување
Во текстовите на информациите за јавноста се наоѓаат податоци за адреси, телефони и линкови кои биле важечки во тоа време. За да се зачува оригиналноста на информациите, сите податоци се ставени во изворна форма.
Најважни случувања
1991> Почеток со работа
1993> Прва MS Tech-Ed
1994> Chicago и манастир
1995> Дисти на Microsoft
1997> На сајтот на MS
1998> Win98 знае MK
1998> Прв веб сајт
2000> Иницијатива МАСИТ
2002> Содружник СЕАФ
2002> е-Декларација
2002> Договор со Cisco
2003> Mike Z во ЛС
2003> HP со Логин Системи
2004> Легализациска кампања
2007> Логин Системи инвестира во Косово
2007> Логин Системи се шири во Албанија
2008> Промена на сопственичка структура

 
Прес центар

Forrester Research: EMC Documentum - лидер на ECM пазарот

 

EMC продолжува да прави значајни чекори со фокус кон забрзување на развојот и имплементацијата, усовршување на интеграцијата со third-party апликации и подобрување на корисничките интерфејси

Светскиот предводник во информатички инфраструктурни решенија, корпорацијата ЕМС ® (скратено: EMC), на 14 Јануари, 2010 објави дека независната агенција за истражување Forrester Research, го препознава EMC Documentum® пакетот на производи како водечки на пазарот за Enterprise Content Management (ECM) (Управување со содржини кај големо кориснички системи).

The Forrester Wave™: Enterprise Content Management Suites, Q4 2009” извештајот од ноември 2009 година вели: “EMC продолжува да го потврдува водството преку ЕСМ пакетот, кој со широк опсег на способности и предности во управување со документи (document management), претворање на документи во електронски слики (document imaging) и нивно собирање (capture), како и управување со записи (records management).  Производителот продолжува да прави значајни чекори со фокус кон забрзување на развојот и имплементацијата, усовршување на интеграцијата со third-party апликации и подобрување на корисничките интерфејси.”

“Задоволни сме што Forrester ја воочува нашата позиција како лидер на ЕСМ пазарот,” рече Whitney Tidmarsh, Главен маркетинг директор, на ЕМС одделот за Управување со содржини и архивирање.  “Позицијата на EMC во Forrester Wave извештајот за ЕСМ ги рефлектира ширината, длабочината и иновациите во Documentum.  Како резултат на овие иновации, EMC продолжува да напредува и да се диференцира како лидер во ECM индустријата.”

Според Forrester, инвестирањето во ECM продолжува да биде приоритет за организациите и корисните на ECM софтвер:

  • Се бараат подоверливи, поагилни решенија;

  • Намалување на фрустрации кои се резултат на недостатоци кои се појавуваат при испораката на решенијата;

  • Зголемена потреба за интеграција на SharePoint со други системи;

  • Појавување на поголем интерес за колаборативни функционалности;

  • Потреба од зголемена транспарентност во процесите наменети за содржини.

Воведувањето на EMC Documentum xCelerated Composition Platform (xCP) е значаен скок нанапред во брзата испорака на она што пазарот го нарекува “контекстуални апликации.”  Со Documentum xCP систем интеграторите, независните производители на софтвер и интерните ИТ развивачи на софтвер можат брзо да градат и развиваат решенија за case processing (процесирање на случаи) и тоа поевтино и со помалку ресурси. Case processing ги адресира комплексните работни шаблони, кои се среќаваат кај најголем број на бизнис активности, преку организирање на начинот на кои луѓето соработуваат и ги користат информациите за да донесат одлуки. 

Дизајнирана да ги намали сложеноста и ризикот поврзан со проектите, Documentum xCP претставува композитна платформа за апликации која дава целосно интегрирани технологии, развојни алатки и алатки за спроведување, како и забрзана работа на апликацијата со фокус кон конфигурирање наспрема кодирање. Booz Allen Hamilton, победникот на xCP натпреварот за дизајнери, успеа да изгради Владина апликација за case processing и тоа за осум дена користејќи се со Documentum xCP.

Documentum има холистички пристап кон ЕСМ решенијата, чии основни функционалности вклучуваат управување со документи, управување со бизнис процеси, управување со записи, управување на ретенции, колаборација, управување со Web содржини и управување со дигитални средства.  За разлика од другите решенија на пазарот, ECM корисниците можат да остварат проширување на Documentum и да ги пресретнат комплетните потребите за управување со содржини користејќи ги особеностите на EMC Captiva® за собирање на документи, EMC Documentum CenterStage за безбедно проширена колаборација, EMC Document Sciences® за управување корисничките комуникации и EMC SourceOne управување со информации.

Во октомври 2009 година, EMC претстави нови решенија кои им овозможуваат на корисниците уште повеќе да ги искористат вредностите на нивниот Microsoft SharePoint Server имплементации.  Решението им дава на SharePoint корисниците непречена интеграција со Documentum за да се постигне подобра агрегација на содржини и оперативни перформанси и сообразност, со Captiva софтверот за конвертирање на хартиените документи во интелигентни содржини и со EMC SourceOne за извршување на легални истражувачки пребарувања и задржувања.

Неодамна објавената EMC My Documentum фамилија им дозволува на сите корисници во една организацијата да ги искористат ECM функционалностите директно преку стандардните десктоп апликации како што се Microsoft Outlook, Microsoft Windows Explorer и Microsoft SharePoint.  Со My Documentum фамилијата, сите бизнис критични информации се достапни, контролирани и архивирани според зададени законитости и барања за сообразност без да се јави потреба корисникот за го напушти користењето на секојдневните апликации.

За да се стекнете со бесплатната копија на извештајот, ве молиме посетете ја страната, www.emc.com/forresterecm.

 

###

За ЕМС

EMC Corporation (скратено: EMC) е светски лидер за развој и испорака на инфраструктурни информатички технологии и решенија кои им овозможуваат на организации од секаков обем да го трансформираат начинот на кој што конкурираат и создаваат вредност од своите информации. Информации за производите и сервисите на EMC може да се најдат на www.EMC.com.

За Логин Системи

Логин Системи е водечки дистрибутер кој обезбедува технолошки решенија и сервиси со додадена вредност од домовите па се до големи корисници на регионалниот пазар во Македонија, Албанија и Косово.  Следејќи ги потребите на клиентите за ефективни производи, ние избираме и дистрибуираме исплатливи и супериорни решенија базирани на светските стандарди на информатички и телекомуникациски технологии, како и сервиси. Достапноста на нашите високо квалитетни решенија е преку избор на вистински канал на партнери, извонредна организација и сервиси со додадена вредност. Повеќе информации може да добиете на www.loginsystems.biz

Логин Системи продава преку канал на авторизирани партнери. За повеќе информации ве молиме контактирајте нè.

За повеќе информации пишете на: emc@loginsystems.biz,
или јавете се на: +389 2 30 90 099, лок.128

Назад 

Креиран од markob на 18.01.2010