Canon го назначи Логин Системи Албанија за дистрибутер на големо за производите на Canon во Албанија
Tirana, 25 Jan 2010. Денес, Логин Системи Албанија, подружница на водечкиот регионален увозник и дистрибутер на ИКТ производи, Логин Системи, официјално го објавува почетокот на увоз и дистрибуција на Canon производи во Албанија.
“Возбудени сме што Canon го одбра Логин Системи за дистрибутер на албанскиот пазар.”, изјави Венко Глигоров, администратор во Логин Системи Албанија. “Производите на Canon стратешки се вклопуваат со производите на останатите наши вендори во Албанија како што се Microsoft, EMC, LinksysByCisco, McAfee и LG-Nortel.”
Canon е посветен на производство, изработка и продажба на растечката палета на копир машини, печатачи, камери и широкиот асортиман на останати производи кои ги задоволуваат потребите на корисниците. Canon како бренд е добро препознатлив и доверлив ширум светот како од поединци, семејства, така и од организации и бизниси кои ги користат неговите производи. Консолидирано, годишните приходи од Canon во целиот свет за 2008 беа 4,094,161 милиони јени (околу 49 милијарди американски долари).
Интерните анализи за проценка, направени во Логин Системи, покажуваат дека со воведувањето на Canon производите на Албанскиот пазар преку овластените риселери на Логин Системи, ке се отворат неколку десетици работни места во Албанија и ќе се заштедат стотици илјади долари за албанските потрошувачи, ќе се намали и потрошувачката на електрична енергија и ќе се подобри маркетингот и конкурентноста кај компаниите и организациите.
Според специјализирана агенција за пазарно истражување IDC, пазарот во Албанија за hard-copy периферни уреди (“HPC”), какви што се печатачите и мулти-функцииските печатачи бил околу 6 милиони долари, достигнувајќи до 20,656 парчиња во 2008 (IDC очекува потрошувачката на HCP во Албанија да се зголеми на CAGR за 6,5 % за наредните 5 години, со расходи од вкупно 7,71 милини долари во 2013). Покрај ова, Логин Системи проценува дека пазарот за фото и видео производи бил повеќе од 2 милиона долари. Претходните суми заедно со потрошниот материјал за печатачи создава пазар од речиси 10 милиони долари годишно.
“Canon како светски лидер во многу области, како за фото/видео производи и печатачи, е доста добро познат и во Албанија“ – изјави Taki Gjorgjiev, Canon CCI партнер менаџер за Албанија, Косово и Македонија. “Но и покрај тоа, Canon не го рефлектира својот потенцијал во Албанија преку уделот на албанскиот пазар. Со назначувањето на Login Systems Albania како дистрибутер на големо во Албанија, веруваме дека производите на Canon ќе бидат подостапни и прифатливи за потрошувачите, нивните бизниси и организации.”
Главна вештина на Логин Системи е во развивањето на мрежа на IT компании кои ќе ја продаваат целата палета на Canon производи на пазарот. Младиот и амбициозен тим на Login Systems Albania во Тирана, засилен со поддршката од регионални ресурси на Логин Системи, ќе воведе иновативни и ефикасни начини за да ги задоволи потребите на пазарот и дистрибуира производите на Canon преку добро-подготвени риселери.
Според продуктниот маркетинг менаџер за Canon во Логин Системи Албанија, Joniada Hamza, Логин Системи ќе има различни типови на риселери кои ке ги вклучуваат производите на Canon во нивните понуди. „За домашна и SOHO употреба, планираме да работиме со ланци на продавници како што се продавниците на Neptun, и со уште неколку помали риселери. За бизнисите и организациите, Логин Системи ќе работи тесно со посебна група на риселери (value added) кои ќе ги интегрираат производите на Canon во околината на крајните корисници.“
Со цел да се оствари планот како и да се зголемат бенефициите за сите страни, Логин Системи планира да инвестира до 100.000 долари. Инвестицијата ќе се обезбеди од внатрешни извори, како и ќе се направи дополнителна инвестиција од американскиот инвестициски фонд SEAF. Истата примарно ќе се употреби за зголемен лагер на производи, подготовка на реселерите, маркетинг активности, подобрено оперативно работење како и тренинзи за вработените по највисоки интернационални стандарди.
За Логин Системи
Мисијата на Login Systems Albania, основан како дистрибутер на големо за ИКТ производи во Тирана, 2007ма година, е да биде витален линк помеѓу производителите и реселерите, овозможувајки им широк избор на крајните корисници. Компанијата создава вредност преку понуда на одлична селекција од производи и услуги со супериорен и константен квалитет, олеснително купување, навремена испорака и поддршка, и сето тоа по конкурентни цени.
Login Systems Albania е регистрирана компанија и е дел од водечкиот регионален дистрибутер на големо Логин Системи, основан во 1991. Покрај двајца поединци, ко-сопственик на компанијата е и американскиот инвестициски фонд SEAF.
Повеке информации за Login Systems Albania може да се најдат на www.lsa.com.al додека за Логин Системи на веб сајтот www.loginsystems.biz.
За SEAF
SEAF е глобална инвестициска фирма која се фокусира на обезбедување капитал и оперативна поддршка на бизниси на пазари во развој и на оние пазари кои не се поддржани од стандардните извори на капитал. SEAF селективно прави инвестиции во локални компании со растечки потенцијал.
Со седиште во Washington D.C., SEAF инвестира во повеќе од 20 земји ширум светот преку интернационална мрежа од 15 канцеларии во Централна и Источна Европа, Латинска Америка и Азија. Инвестициите претставуваат пресек од јавни и приватни институции, вклучувајќи неколку од интернационалните финансиски институции, локални пензиски фондови, осигурителни компании, банки и фамилијарни канцеларии.
Основачите на SEAF се Американската Агенција за Интернационално Развивање (USAID), Европска Банка за Реконструкција и Развивање (EBRD), Интернационална Финансиска Корпорација (IFC) и Германска Инвестициона Компанија (DEG).
Повеќе информации за СЕАФ може да се најдат на www.seaf.com.
За Canon
Повеќе информации за Canon може да се најдат на www.canon.com.
Контакт за медиуми: Iris Bardhi, Team Leader
Login Systems Albania Sh.p.K.
Rr. "Sami Frasheri" Prespa Tower, 2nd Floor, Tirana
Tel/fax: +355 4 2426 999
e-mail: info.al@loginsystems.biz
web: www.lsa.com.al
Taki Gjorgjiev, Canon CCI Partner Manager Macedonia, Kosovo & Albania
Tel: +389 75 20 20 69
e-mail: taki.gjorgjiev@canon.si
Venko Gligorov, Administrator
Login Systems Albania Sh.p.K.
Tel: +355 4 2426 999
(+389 2) 3090 099 ext 103
e-mail: venkog@loginsystems.biz
|