Повеќе за...
Појаснување
Во текстовите на информациите за јавноста се наоѓаат податоци за адреси, телефони и линкови кои биле важечки во тоа време. За да се зачува оригиналноста на информациите, сите податоци се ставени во изворна форма.
Најважни случувања
1991> Почеток со работа
1993> Прва MS Tech-Ed
1994> Chicago и манастир
1995> Дисти на Microsoft
1997> На сајтот на MS
1998> Win98 знае MK
1998> Прв веб сајт
2000> Иницијатива МАСИТ
2002> Содружник СЕАФ
2002> е-Декларација
2002> Договор со Cisco
2003> Mike Z во ЛС
2003> HP со Логин Системи
2004> Легализациска кампања
2007> Логин Системи инвестира во Косово
2007> Логин Системи се шири во Албанија
2008> Промена на сопственичка структура

 
Прес центар

Логин Системи стана официјален дистрибутер на Zyxel во Македонија, Албанија и Косово

Логин Системи постана дистрибутер на Zyxel во Македонија, Албанија и Косово

Скопје, 03.02.2010. Денес, регионалниот увозник и дистрибутер на ИКТ производи и решенија, Логин Системи, и светски познатиот производител на уреди за вмрежување, Zyxel, објавуваат дека потпишаа договор за дистрибутерство и деловна соработка.  Веќе од Февруари, Логин Системи е во можност да ги понуди решенијата на Zyxel во сите земји каде има деловни операции - Македонија, Албанија и Косово.

Zyxel e компанија со 20 годишно искуство во ИКТ индустријата, a денес е водечки производител на целосни решенија за широкопојасен пристап за провајдери, деловни и домашни корисници. Веќе 7 години по ред е на листата од 10-те најголеми компании во Тајван.

„Производите и решенијата на Zyxel, ги задоволуваат потребите на компаниите за квалитетна и доверлива мрежна инфраструктура и обезбедуваат беспрекорна размена на информации меѓу вработените и апликациите, како и споделување на заеднички ресурси. Истовремено нудат иновативни идеи за подобрување на секојдневната работа и продуктивноста.“ - изјави Билјана Кузеска, продуктен менаџер за мрежни и комуникациски решенија во Логин Системи.

Г-дин Калин Групчев, регионален менаџер ја објасни одлуката на Zyxel со: „Веруваме дека Логин Системи го поседува потребниот професионализам и исклучителен потенцијал за понатамошен развој на деловните активности на ZyXEL во регионот. Верувам дека ќе додадеме поголема вредност за крајните корисници со решенија кои можат да се направат со ZyXEL”.

„Производите на Zyxel одлично го надополнуваат портфолиото на Логин Системи, со компоненти за градење на мрежни и комуникациски решенија за фирмите, кои ќе им овозможат ефикасно искористување на инвестициите” - изјави Татјана Бошевска, оперативен директор на Логин Системи.
Палетата на производи од Zyxel, кои се наменети за фирмите, вклучува:
•    Голем избор на Ethernet свичеви, и тоа неменаџиблни, web менаџибилни, Layer 2 и Layer 3 свичеви, односно свичеви наменети за сите големини на компании
•    Firewall-и (Zywall), кои обезбедуваат IPSec и SSL VPN, заштита на мржите од Интернет напади, контрола на користење на специфични апликации, редундантност на Интернет конекцијата
•    Безжични уреди кои овозможуваат креирање на доверливи мрежи за бизнис корисниците, за покривање на големи простори и за опслужување на многу корисници
•    VoIP уреди, телефони и адаптери
•    DSL производи, и тоа кориснички уреди и IP DSLAM уреди за пристап
•    Оптички уреди, наменети за корисниците, но и за сервис провајдерите

За Логин Системи
Мисијата на Логин Системи е да биде витален линк помеѓу производителите и реселерите, овозможувајки им широк избор на крајните корисници. Компанијата создава вредност преку понуда на одлична селекција од производи и услуги со супериорен и константен квалитет, олеснително купување, навремена испорака и поддршка, и сето тоа по конкурентни цени.
Логин Системи е водечкиот регионален дистрибутер на ИКТ производи, основан во 1991. Покрај двајца поединци, ко-сопственик на компанијата е и американскиот инвестициски фонд SEAF.
Повеке информации за Логин Системи може да се најдат на  веб сајтот www.loginsys.com.mk .
За Zyxel
Zyxel е формирана во 1989 година во Тајван и во изминативе 20 години прераснува во светски позната компанија, со дистрибутери во повеќе од 70 земји, 29 канцеларии за продажба низ светот и повеќе од 3200 вработени. Моментално е водечка фирма која обезбедува целосни решенија за широкопојасен пристап за провајдери, како и бизнис и домашните корисници. Благодарение на квалитетот и посветеноста, Zyxel успева да влезе во ТОП 3 светски произвидетли на широкопојасни CPE уреди и сé повеќе фирми одлучуваат мрежната инфраструктура да му ја доверат на овој бренд.


Назад 

Креиран од markob на 03.02.2010