 |
|
Од презентацијата на Antonio Lacuna, Microsoft
|
Скопје, 29 Јуни 1998: Минатата седмица се одржи премиера на Microsoft Windows 98 во целиот свет. Во преполнетата свечена сала на хотелот Континентал, Скопје, Македонија во четврток (25 Јуни 98) во 12:00 часот присутните имаа можност на лице место да ги видат сите можности на Windows 98.
“Главните цели на Microsoft за Windows 98 беа: да се поедностави работата со персоналниот компјутер, да има одлична поддршка за Интернет, да обезбеди побрза и покомфорна работа како и да го поддржува новиот тип на хардвер.” образложи гостинот од Microsoft, Антонио Лакуна.
 |
|
Од прес конференцијата за Windows 98
|
“Би сакал да им се заблагодарам на г-нот Стив Балмер (заменикот на Бил Гејтс), техничките лица во Microsoft, комисијата за стандардизација, како и нашите партнери и соработници коишто придонесоа во Windows 98 да биде вклучена македонската поддршка.” започна Венко Глигоров, директор во Логин Системи.
Придобивките од користењето на македонската поддршка се огромни: решавање на проблемите во размената на документите меѓу фирмите и институциите; се намалуваат трошоците на одржување; поддршката е чекор напред и основа за развој на нови апликативни решенија и идна поголема локализација на други производи на Microsoft.”
 |
|
Сашо Мицков и Татјана Бошевска
|
Потоа вработените во Логин Системи, Сашо Мицков и Татјана Бошевска ги покажаа можностите на македонската поддршка во деловните апликации со бази на податоци; Интернет/интранет; e-mail; фајлови сервиси; работа со документи Word и Excel.
Колешката од ЕЦС, г-ѓата
Мери Кучера Илиевска зборуваше за соработката меѓу Microsoft и Digital (Логин Системи и ЕЦС). На крајот г-нот Љубисав Лазаревиќ, пом. министер за информатика при Министерството за наука, зборуваше за значењето на Windows 98 во Владата и органите на управата. Во времето предвидено за прашања и дискусија се поставија повеќе прашања меѓу кои за дискусија се јави и г-нот Ратислав Кардалев, претседателот на комисијата за стандардизација.
 |
|
Хотелот беше претесен да ги прими сите заинтересирани
|
Повеќето од присутните се сложија дека македонската поддршка е нешто што македонскиот корисник го чекаше повеќе години и дека треба веднаш да се почне со неговата примена.
Продажбата на Windows 98 започна со првата купена копија на Windows 98 што ја направи Министерството за образование преку овластениот партнер на Microsoft – фирмата ЕЦС од Скопје.
Интересот за Windows 98 е огромен и како што не' информираа нашите партнери, телефонот го вжештуваат голем број на корисници коишто бараат дополнителни информации за Windows 98.
…
Microsoft е најголемата компанија за производство на софтвер кој се користи за деловна намена, но и за забава.
Логин Системи е овластен дистрибутер и застапник на Microsoft во Македонија. Во својата активност Логин Системи вклучува дистрибуција преку овластена продажна мрежа од преку 30 партнери, техничка поддршка, консултирање и едукација за производите и технологијата на Microsoft.
ЕЦС е главен партнер на фирмата Digital во Македонија и овластен партнер на фирмата Microsoft во Македонија. Во својата дејност вклучува хардверски и софтверски решенија и одржување.
|