Повеќе за...
Појаснување
Во текстовите на информациите за јавноста се наоѓаат податоци за адреси, телефони и линкови кои биле важечки во тоа време. За да се зачува оригиналноста на информациите, сите податоци се ставени во изворна форма.
Најважни случувања
1991> Почеток со работа
1993> Прва MS Tech-Ed
1994> Chicago и манастир
1995> Дисти на Microsoft
1997> На сајтот на MS
1998> Win98 знае MK
1998> Прв веб сајт
2000> Иницијатива МАСИТ
2002> Содружник СЕАФ
2002> е-Декларација
2002> Договор со Cisco
2003> Mike Z во ЛС
2003> HP со Логин Системи
2004> Легализациска кампања
2007> Логин Системи инвестира во Косово
2007> Логин Системи се шири во Албанија
2008> Промена на сопственичка структура

 
Прес центар
Пуштен сајтот на Логин Системи
Логин Системи во кибернетскиот простор Интернет

Скопје, 12.12.98 година. Денес во Скопје Македонскиот дистрибутер на Microsoft, фирмата Логин Системи, го постави својот прв Интернет сајт. Направен на македонски јазик со вклучена Македонска поддршка, овој Web сајт се наоѓа на адресата http://www.loginsys.com.mk/ и може да се прегледува со стандарден прегледувач Microsoft Internet Explorer и Netscape Navigator.

 

 

"Ова е почеток на реализацијата на нашите постојани заложби за подобро и поефикасно комуницирање со нашите корисници и партнери", вели Венко Глигоров, директор на Логин Системи. "Иако досега дизајниравме и имплементиравме повеќе Интернет/интранет сајтови за домашни и странски фирми, конечно и нашиот Web сајт ќе биде достапен на кибернетскиот простор за сите корисници и партнери во целиот свет".

 

 

Web сајтот на Логин Системи е од информагивно-маркетиншки карактер и воглавно дава информации и документи коишто најмногу ги интересираат корисниците и партнерите во Македонија:

 

 

·          Производи (http://www.loginsys.com.mk/proizvodi.htm.). Производите на Microsoft може да се набавуваат исклучително преку овластена продажна мрежа на Microsoft којашто ја изгради и опслужува Логин Системи. Покрај цените во овој дел може да се најде ажурна листа на фирми-продавачи на Microsoft со нивни контакт-информации.

 

·          Услуги и сервиси (http://www.loginsys.com.mk/uslugi.htm.). Во овој дел се наоѓаат услугите и сервисите што ги нуди Логин Системи какви што се едукацијата, тестирањето на Microsoft, сервисот за преземање на изводи од ЗПП, и др.

 

·          Стратешки информации (http://www.loginsys.com.mk/strateg.htm.). Едно од најбараните информации во последно време, документот за поддршката на производите на Microsoft во 2000та година се наоѓа токму во овој дел. Исто така доста интересни информации се и за законските прописи во Македонија и како да се набави оригинален софтвер на Microsoft.

 

·          Инфо за фирмата (http://www.loginsys.com.mk/info.htm.). Деловната филозофија и историјатот на фирмата се гаранција дека соработката со Логин Системи е долгорочна и предодредена на успех. За новинарите и јавноста постои дел во којшто се поставени соопштенијата и информациите за медиумите. На крајот, успешните стории се одличен извор на информации како корисниците можат да ја употребат технологијата за унапредување на своето работење.

 

 

"Планираме овој Web сајт да го одржуваме секојдневно збогатувајќи го со нови содржини и информации потребни на корисниците и партнерите", вели Ирена Тодорова, менаџер за Интернет/интранет технологии во Логин Системи. "Во изработката на Web сајтот не користевме многу слики и графики туку повеќе посветивме грижа за тоа да биде функционален и да ги има потребните информации без многу чекање за вчитување на страниците. Во фаза сме на изработка на целосен деловно-информативен систем за корисниците и партнерите којшто ќе биде интерактивен и далеку посодржаен. "

 

 

"Нашите намери се да ја олесниме соработката со корисниците и партнерите од една страна, а да ги покажеме можностите на новата технологија што ја нуди Microsoft од друга страна.", продолжува Венко Глигоров. "Фирмата Логин Системи ќе биде современ бизнис модел на новото кибернетско време којшто како модел ќе го пласираме на други фирми и институции. Една од основните алки од концептот за Дигитален Нервен Систем кој што го протежира Microsoft е токму одличната интегрираност на фирмата со своите корисници и партнери.", заврши Венко Глигоров.

 

 

Web сајтот на Логин Системи се наоѓа на серверите на Македонскиот Интернет провајдер Унет (http://www.unet.com.mk).

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Назад 

Креиран од markob на 12.12.1998