Повеќе за...
Појаснување
Во текстовите на информациите за јавноста се наоѓаат податоци за адреси, телефони и линкови кои биле важечки во тоа време. За да се зачува оригиналноста на информациите, сите податоци се ставени во изворна форма.
Најважни случувања
1991> Почеток со работа
1993> Прва MS Tech-Ed
1994> Chicago и манастир
1995> Дисти на Microsoft
1997> На сајтот на MS
1998> Win98 знае MK
1998> Прв веб сајт
2000> Иницијатива МАСИТ
2002> Содружник СЕАФ
2002> е-Декларација
2002> Договор со Cisco
2003> Mike Z во ЛС
2003> HP со Логин Системи
2004> Легализациска кампања
2007> Логин Системи инвестира во Косово
2007> Логин Системи се шири во Албанија
2008> Промена на сопственичка структура

 
Прес центар
Вложување во Логин Системи
Инвестиција на меѓународниот фонд СЕАФ/Македонија во Логин Системи

Од десно на лево: Венко Глигоров, Владимир Пешевски, Лоренс Батлер, Јанко Тренкоски

Скопје, 20.02.2002.
Денес, на средбата со новинарите, Американската Амбасада во Скопје, СЕАФ/Македонија и Логин Системи ја објавија најновата инвестиција на СЕАФ/Македонија од околу 500.000 долари во Логин Системи. Преку оваа инвестиција, СЕАФ/Македонија се стекнува со малцински удел (содружник) во Логин Системи.

Инвестицијата се планира да биде искористена за обезбедување на дополнително финансирање, со цел фирмата Логин Системи да биде финансиски и технолошки постабилна и да не зависи исклучително од еден извор на финансирање. Средствата ќе бидат искористени за набавка на нова опрема и дошколување на вработените во земјата и странство, развој на нови производи и услуги, развивање на пазарот преку поинтензивни маркетинг активности, при што би се користеле знаењата и искуствата на СЕАФ што ги има во целиот свет.

„Им честитам на двете страни, СЕАФ и Логин Системи, и им посакувам успешно партнерство.“, изјави г-дин Лоренс Батлер, в.д. Американски Амбасадор во Македонија. „Сакам да ја искористам оваа прилика да му честитам на Логин Системи за една од водечките улоги во македонскиот сектор за Информатичка Технологија, што е голем успех, особено во овие немирни времиња.“.

Задоволство од инвестицијата изрази и г-динот Горан Радман, генерален директор на Microsoft Adriatics, регион во кој спаѓа и Македонија. „Многу ми е драго што Логин Системи го привлече капиталот на СЕАФ и се надевам дека инвестицијата ќе придонесе за натамошен развој на Вашето, ионака, водечко Македонско ИТ претприемништво.“
 
СЕАФ/Македонија верува дека Логин Системи ќе го предводи растот на ИТ секторот во Македонија. Иднината на Македонија ќе зависи од компании како Логин Системи, кои гледаат развојно ориентирани деловни можности, и затоа тие треба да бидат подржани од заедницата на  инвеститорите.

„Логин Системи со своето 10 годишно постоење е пример за успех на домашна фирма со што сите ние треба да бидеме горди. Со денешната инвестиција, Логин Системи ќе биде во можност да ги реализира следните планови за развој.“, изјави г дин Владимир Пешевски, генерален директор на СЕАФ Македонија.

Покрај самата инвестиција, Логин Системи ќе користи дополнителни предности кои ги дава СЕАФ како партнер во фирмата:

  • Обезбедување на обука за менаџментот на фирмата
  • Заедничко деловно планирање на идниот развој
  • Трансфер на технологии и know-how преку разгранета мрежа на стручни консултанти на СЕАФ кои се на располагање да помогнат во правилно насочување на фирмата на домашниот и меѓународниот пазар
  • Техничка помош во процесот на заштитата на правата од интелектуалната сопственост 
  • Користење на глобалните и регионалните контакти на СЕАФ за унапредување на бизнисот

„Изминаа 10 години од формирањето на Логин Системи и тоа е одличен повод да се размислува за наредните 10 години.“, изјави Венко Глигоров, основач и генерален директор на Логин Системи. „Светските трендови и искуства кажуваат дека без квалитетни инвестициони фондови од типот на СЕАФ/Македонија е незамислив квалитативниот скок и продор на домашниот и регионалниот пазар. Убеден сум дека со нашиот тим и поддршката од СЕАФ/Македонија ќе успееме во нашата мисија и зацртаните цели во оваа декада.“ 


...


За Логин Системи
Формиран во 1991, Логин Системи е овластен дистрибутер на најголемите информатички компании во светот, како и провајдер на решенија, сервиси и услуги од деловно-информатичката сфера во Македонија и регионот. Мисијата на Логин Системи е производите, решенијата и услугите што ги нуди фирмата да бидат стандарден дел од бизнисите и секојдневното живеење во новата дигитална економија и информатичко општество.

Во својата дејност Логин Системи опфаќа активности кои што им помaгаат на корисниците и партнерите максимално да ги искористат новите технологии, алатки и уреди за намалување на трошоците, зголемување на продуктивноста на вработените што доведува до зголемена профитабилност и професионалност на организациите.

Повеќе информации за Логин Системи и неговата дејност во Македонија може да се добијат на www.loginsys.com.mk или на телефон (02) 390-099.


За СЕАФ/Македонија
СЕАФ е фамилија на фондови низ светот кои инвестираат акционерски капитал во мали и средни претпријатија. Седиштето на фондот е во Вашингтон, под менаџмент има околу 200 милиони УСД, а капиталот наменет за Македонија е околу 13 милиони УСД.  Инвестициите на СЕАФ спаѓаат во групата на странски инвестиции и се движат од 200-800,000 УСД при што за возврат СЕАФ превзема дел од 25 до 49% од сопственоста во фирмата во која што инвестира.

Основачи на СЕАФ во Македонија се УСАИД, Европската банка за обнова и развој ЕБРД, Меѓународната финансиска корпорација - ИФЦ (дел од Светската Банка) и Германската инвестициона компанија – ДЕГ.

СЕАФ постојано бара можности за инвестиции со растечки потенцијал претставувани од искусни и талентирани претприемачи кои агресивно ги напаѓаат  пазарите со одличен потецијал за раст.

Повеќе информации за СЕАФ/Македонија и неговата дејност може да се добијат на тел: 02 137-178.


 

 
Назад 

Креиран од markob на 20.02.2002