Повеќе за...
Појаснување
Во текстовите на информациите за јавноста се наоѓаат податоци за адреси, телефони и линкови кои биле важечки во тоа време. За да се зачува оригиналноста на информациите, сите податоци се ставени во изворна форма.
Најважни случувања
1991> Почеток со работа
1993> Прва MS Tech-Ed
1994> Chicago и манастир
1995> Дисти на Microsoft
1997> На сајтот на MS
1998> Win98 знае MK
1998> Прв веб сајт
2000> Иницијатива МАСИТ
2002> Содружник СЕАФ
2002> е-Декларација
2002> Договор со Cisco
2003> Mike Z во ЛС
2003> HP со Логин Системи
2004> Легализациска кампања
2007> Логин Системи инвестира во Косово
2007> Логин Системи се шири во Албанија
2008> Промена на сопственичка структура

 
Прес центар
Иницијативи за забрзан развој на информатичко општество и дигитална економија во РМ
Работната група ВИП 2002 изготви е-Декларација 2002

е-Декларација 2002

 

 

Препораки за забрзан развој на информатичко општество и дигитална економија во Република Македонија како национален приоритет

 

 

 

 

ФИНАЛЕН ДОКУМЕНТ

 

 

 

 

 

Припремено од:     Работна група „ВИП 2002“

 

Поддржано од:       ГТЗ-ПСП

 

Верзија:                1.0

 

 

 

 

 

Од работниот состанок на групата во х. Гранит, Голак, Делчево

 

 

 

Март, 2002

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

1.         Поаѓајќи од фактот на брзиот технолошки прогрес во светот, во кој доминира современата информатичка и комуникациска технологија, што води кон создавање на информатичко општество,

 

 

2.         Имајќи предвид дека информатичкото општество ја развива и демократијата преку зголемената транспарентност,

 

 

3.         Увидувајќи ја потребата за зголемување на конкуретноста на националната економија, како одговор на предизвиците на процесот на глобализација, а со цел постигнување на економски развој и зголемување на општата благосостојба на граѓаните,

 

 

4.         Нагласувајќи ја неопходноста и Република Македонија да го развие информа­тичкото општество, со цел да постигне интензивен и оддржлив развој и да се вклучи во глобалните текови,

 

 

5.         Согледувајќи ги постоечките предности на Република Македонија, како што се: централната геостратегиска позиција во регионот, модерната телекомуникациска инфраструктура, современиот електронски систем на регистри и законската регулатива за електронски плаќања, присутниот интерес за развој на ИТ од највисокото политичко ниво во државата, како и постојната поддршка за одржлив развој од меѓународната заедница,

 

 

6.         Истакнувајќи ги потенцијалите на Република Македонија како што се: пазарот од преку 200 милиони потрошувачи што произлегува од склучените спогодби за слободна трговија, квалитетно образовани кадровски ресурси, развиен приватен сектор за ИТ со веќе воспоставени деловни релации со светски информатички компании, и напредокот во економските реформи,

 

 

7.         Но, имајќи ги предвид и постоечките недостатоци во Република Македонија: застарениот стил на раководење и слабата опременост со информатичка технологија (ИТ) во компаниите, општото ниско ниво на информатичко образование на населението, малиот процент на корисници на компјутери, мобилни телефони и Интернет, скапите телекомуникациски услуги, малиот број на високообразован информатички кадар како и нивниот голем одлив од земјата, непостоење на интеграција на информационите системи на институциите во државата кои го сервисираат јавниот и приватниот сектор, отсуството на стимулативни законски решенија за развој на информатичкото општество и дигиталната економија,

 

 

8.         Разбирајќи ја потребата од:

 

                     i.      синергија меѓу јавниот сектор, приватниот сектор, и научните и образовните институции за постигнување на општ развој и напредок,

 

                   ii.      создавање на опкружување во која ИТ секторите од организациите и компаниите ќе станат еден од генераторите на развојот и напредокот на истите,

 

                  iii.      здружување на ИТ технологиите со потребите на државата за воведување на нови услуги за граѓаните и бизнисите (е-влада, е-бизнис и др.),

 

                 iv.      запознавање со новите трендови во бизнисот, измените во законската регулатива и напредокот на информатичката технологија,

 

                   v.      унапредување на заштитата на правата од интелектуална сопственост,

 

                 vi.      зголемување на бројот на високообразовани и високоспецијализирани кадри за информатичка технологија

 

 

9.         Користејќи ги и искуствата од предавањата, дискусиите и сугестиите од конференцијата ЛС ВИП 2002,

 

 

10.     Работната група ВИП 2002 ги подготви следниве препораки:

 

 

                     i.      До Владата на Република Македонија

 

a.      Да формира Комисија (или Агенција) за информатичка технологија,

 

b.      Да се изготви национална стратегија за развој на информатичко општество,

 

c.       Да основа Факултет за информатика, да создаде услови за зголемување на бројот на студенти по информатика и да создаде стимулативни програми за намалување на одливот на оформени кадри во странство,

 

d.      Да основа институција за електронски сертификати и дигитални потписи,

 

e.      Да подготви законска регулатива за:

 

1.      Стандардизација на форматот на чување, начинот на размена и користењето на податоци во електронски облик со јазикот XML,

 

2.      Даночни олеснувања во рок од 2 години во малопродажната трговија доколку купопродажбата се прави преку Интернет,

 

3.      Воведување на веб седиште (домен) и е-меил адреса на Интернет за фирмите и институциите во Македонија,

 

f.        Сите тендери за јавни набавки задолжително да ги објавува и на свој веб сајт на Интернет,

 

g.      До крајот на оваа календарска година, секое средно училиште да го опреми со компјутерска училница поврзана со Интернет,

 

h.      Да воведе задолжителна настава по информатика почнувајќи од 5-то одделение,

 

i.         Да создаде поповолни услови (финансиски и други стимулации) за невработените со високо образование, да се стекнат со специјали­за­ција за ИТ според меѓународно сертифицирани и приз­на­ти програми,

 

j.        Да создаде услови за намалување на цените во теле­кому­ни­кациите и користењето на Интернет,

 

k.       Во соработка со приватниот сектор да изготви студија на потреби и можности и стратегија за финансиска поддршка за поширока примена на ИТ во деловното работење,

 

l.         Да го стимулира преведувањето и издавањето на литература од ИТ,

 

m.     Да креира соодветна медиумска кампања за промоција на информатичко општество,

 

n.      Во анкетните листови за претстојниот попис да се внесат прашања за поседување на персонален компјутер и поврзаност на Интернет,

 

 

                   ii.      До деловните субјекти во Република Македонија

 

a.      Да вложуваат во својата информа­тичка модернизација независно од дејноста,

 

b.      Да вложуваат во професионализација и доквалификација на своите вработени во однос на новите технологии,

 

 

                  iii.      До информатичките фирми во Република Македонија

 

a.      Да ги зајакнат постоечките и да формираат нови специјализирани асоцијации заради промовирање и координирање на заеднички интереси,

 

b.      Да ги комбинираат и синхронизираат активностите и ресурсите за заеднички настап на странски пазари,

 

c.       Да развијат партнерства со јавниот сектор и универзитетските институции за реали­за­ција на проекти од јавен интерес,

 

d.      Да се доближат до другите стопански сектори преку организирање и воведување на услуги како е-земјоделство, е-туризам, е‑банкарство, е-трговија и е-друго,

 

e.      Да формираат единствена централна база на податоци за ИТ ресурсите во Република Македонија,

 

 

                 iv.      До Универзитетите во Република Македонија

 

a.      Да формираат факултети за информатичка технологија и да го зго­ле­мат бројот на студенти по информатичка технологија,

 

b.      Да формираат истражувачки центри и центри за трансфер на технологија во соработка со реномирани странски корпорации,

 

c.       Да развијат посилно партнерство со деловните субјекти,

 

d.      Покрај основната информатичка наобразба во секоја од научните области на универзитетите да воведат и задолжителни современи курсеви по менаџмент за сите студиски групи,

 

 

                   v.      До Единиците за локалната самоуправа во Република Македонија

 

a.      Да формираат и интегрираат бази на податоци за потребите на граѓаните на локално ниво што ќе обезбедат е-услуги за населе­нието,

 

b.      Да формираат локални е-центри за поттикнување на образованието, пристапот на Интернет, користењето на е-услугите,  и развивање на свеста за информатичка технологија и демо­кратија,

 

 

                 vi.      До медиумите во Република Македонија

 

a.      Да го динамизираат и квалитетно да го подобрат информирањето и промоцијата од придобивките на информати­чкото општество.

 

 

 

Доставено до:       Собрание на РМ, Претседател на РМ, Влада на РМ, политички партии, научни и образовни институции, Македонската Асоцијација на Информатичка Технологија (МАСИТ), единиците на локалната самоуправа, Стопанската Комора и деловни субјекти, меѓународни финансиски и невладини институции, дипломатски и конзуларни претставништва и медиуми

 

 

 

 

 

Поддржано од:

 

 

Deutsche Gesellschaft für

 

Technische Zusammenarbeit  (GTZ) GmbH

 


 

 

Работна група „ВИП 2002“ што го подготви документот

 

 

 

Име и презиме

 

 

Занимање/функција

 

 

Фирма/институција

 

 

Александар Караев

 

 

Проектен координатор

 

 

ГТЗ – Поддршка на приватниот сектор

 

 

Билјана Тентова

 

 

Шеф во дирекција за ИТ

 

 

Народна Банка на РМ

 

 

Ванчо Узунов

 

 

Доцент

 

 

Правен Факултет

 

 

Венко Глигоров

 

 

Директор

 

 

Логин Системи

 

 

Георги Тренкоски

 

 

Менаџер за развој

 

 

Македонски Деловен Центар

 

 

Глигор Стојков

 

 

Консултант

 

 

ГТЗ – Поддршка на приватниот сектор

 

 

Ѓорѓи Петрушев

 

 

Специјалист за финансирање на МСП

 

 

Македонска банка за поддршка на развојот

 

 

Данило Глигороски

 

 

Професор

 

 

Природно-математички факултет

 

 

Дарко Перушески

 

 

Директор

 

 

А1 Телевизија

 

 

Звонко Џокиќ

 

 

Експерт за комуникациски вештини

 

 

Центар за хумани релации

 

 

Зоран Јолевски

 

 

Генерален секретар

 

 

Кабинет на Претседателот на РМ

 

 

Зорица Черепналкоска

 

 

Директор на дирекција за ИТ

 

 

Комерцијална банка

 

 

Јани Макрадули

 

 

Асистент

 

 

Електротехнички факултет

 

 

Љубен Талев

 

 

Помошник на главниот извршен директор

 

 

Македонски Телекомуникации

 

 

Магдалена Шољакова

 

 

Финансов аналитичар

 

 

Southeast European Enterprise Development (SEED)

 

 

Петар Индовски

 

 

Директор

 

 

Горд Системи
(член на УО на МАСИТ)

 

 

Слаѓана Стојановска

 

 

Консултант

 

 

КПИ ОКО доо

 

 

Стеван Шапчески

 

 

Директор

 

 

Централен Депозитар за хартии од вредност

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Со Претседателот Трајковски во вила Билјана, Охрид

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Назад 

Креиран од markob на 27.03.2002