Повеќе за...
Појаснување
Во текстовите на информациите за јавноста се наоѓаат податоци за адреси, телефони и линкови кои биле важечки во тоа време. За да се зачува оригиналноста на информациите, сите податоци се ставени во изворна форма.
Најважни случувања
1991> Почеток со работа
1993> Прва MS Tech-Ed
1994> Chicago и манастир
1995> Дисти на Microsoft
1997> На сајтот на MS
1998> Win98 знае MK
1998> Прв веб сајт
2000> Иницијатива МАСИТ
2002> Содружник СЕАФ
2002> е-Декларација
2002> Договор со Cisco
2003> Mike Z во ЛС
2003> HP со Логин Системи
2004> Легализациска кампања
2007> Логин Системи инвестира во Косово
2007> Логин Системи се шири во Албанија
2008> Промена на сопственичка структура

 
Прес центар
Логин Системи за подобрo опслужување на пазарот на мали и средни бизниси
HP го претставува новиот дистрибутер во Македонија

Од прес-конференцијата во Скопје

Минхен, 08 Октомври 2003

HP денес го претстави Логин Системи како нов дистрибутер за Македонија. Логин Системи ќе ги обезбеди водечките производи на HP (индустриско стандардните сервери, volume storage и производите за дигитални слики и печатење) и богатото портфолио на услуги – брза и ефикасна логистика, адекватни финансиски услуги и иновативни маркетиншки иницијативи – на својата голема партнерска мрежа од независни компјутерски фирми.

Базирајќи се на оваа партнерска мрежа, фирми кои се традиционални снабдувачи на малите и средни бизниси, HP и Логин Системи ефикасно ќе го опслужуваат растот на пазарот на малите и средни бизниси во Македонија. При тоа, HP и Логин Системи ќе обезбедуваат наменски услуги за поддршка, локална експертиза и вистински производи како помош на малите и средни бизниси за справување со нивните уникатни потреби.

Основан во 1991, Логин Системи е успешен увозник и дистрибутер на водечките бреднови за информатичка и комуникациска опрема (покрај HP, Microsoft и Cisco Systems). Со динамичниот тим на вработени, беспрекорната логистика и силната финансиска поддршка, Логин Системи се докажа како доверлив партнер на компјутерските фирми на целата територија во Македонија, придонесувајќи за брзото ширење на иновативните технологии.

Jan Graef, регионален менаџер (HP district and enterprise systems group), ги објаснува амбициозните планови и позиционирањето на партнерството: “HP е водечки лидер на пазарот за мали и средни претпријатија, кој прави повеќе од 21 милијарда долари приход годишно, и - заедно со Логин Системи – ние планираме да го прошириме нашето водство во Македонија како префериран партнер и снабдувач на технологијата за мали и средни бизниси. Логин Системи нуди витални услуги на широката мрежа на ИТ партнери, кои се всушност преферирани снабдувачи за малите и средните бизниси. Токму затоа Логин Системи нема да претставува конкуренција, туку ќе ја надополни постоечката партнерска мрежа.“

Венко Глигоров, основач и директор на Логин Системи, е уверен во заедничките можности за иднината: “Ние сме агилна компанија со млад, високо стручен тим, кој применува модерни стандарди на работење комбинирани со локално знаење и поддршка од странски финансиски инвеститор. Базирајќи се на нашата  експертиза и посветеност, ние ќе обезбедиме за нашите партнери во Македонија иновативни високо квалитетни производи на HP, скроени според потребите на нивните корисници.“

Во блиска иднина, со подршка на HP, Логин Системи ќе воведе опсежна програма за обука на ИТ партнерите и ќе обезбеди промоции за малите и средни претпријатија во Македонија.

За повеќе информации и слики од прес-конференцијата, кликнете тука.

...

За HP
HP е глобален провајдер на технолошки решенија за корисници, за бизниси и институции. Понудата на компанијата опфаќа производи за IT инфраструктура, персонални компjутери, уреди за пристап, глобални услуги, дигитални слики и печатење за потрошувачи, корпорации и малите и средни бизниси. За последните четири квартали,  приходот на HP изнесува 71.8 милијарди долари. Повеќе информации за HP ќе најдете на  http://www.hp.com.

За Логин Системи
Основан во 1991, Логин Системи е водечки увозник и дистрибутер за Microsoft, HP и Cisco Systems и креатор на иновативни решенија за електронски бизнис и е- влада. Со користење на производите и услугите од портфолиото на Логин Системи, корисниците и фирмите се засилуваат со подобрување на нивната конкурентост и продуктивност, ја подобруваат безбедноста и ги интегрираат деловните системи.

Повеќе информации за Логин Системи ќе најдете на  www.loginsys.com.mk или на  +389 (0) 2 3090-890.
 

Изјавата за печатот содржи изјави со поглед во иднината кои вклучуваат ризици, несигурности и претпоставки. Сите изјави кои се поинакви од изјавите со историски факти се изјави кои можат да се сметаат за изјави со поглед во иднината. Ризиците, несигурноста и претпоставките ја вклучуваат можноста пазарот за продажба на одредени производи и услуги да не се развива според очекувањата; развојот и одржувањето на тие производи и услуги да не одвива по плановите; и други ризици кои се наведуваат повремено во известувањата на HP Securities and Exchange Commission, вклучувајќи ги, но без ограничување, годишнoто известување на HP за фискалната година која завршува на 31 Октомври 2002, како и во подоцнежните известувања како што се тромесечните известувањата за фискалниот квартал кој завршува на 30 април 2003. Ако некој од овие ризици или несигурности се реализира или некоја од тие претпоставки  се покаже како  неточна,  резултатите на HP може да се финансиски поинакви од очекувањата на HP изнесени во изјавите.


 

Назад 

Креиран од markob на 08.10.2004