Повеќе за...
Појаснување
Во текстовите на информациите за јавноста се наоѓаат податоци за адреси, телефони и линкови кои биле важечки во тоа време. За да се зачува оригиналноста на информациите, сите податоци се ставени во изворна форма.
Најважни случувања
1991> Почеток со работа
1993> Прва MS Tech-Ed
1994> Chicago и манастир
1995> Дисти на Microsoft
1997> На сајтот на MS
1998> Win98 знае MK
1998> Прв веб сајт
2000> Иницијатива МАСИТ
2002> Содружник СЕАФ
2002> е-Декларација
2002> Договор со Cisco
2003> Mike Z во ЛС
2003> HP со Логин Системи
2004> Легализациска кампања
2007> Логин Системи инвестира во Косово
2007> Логин Системи се шири во Албанија
2008> Промена на сопственичка структура

 
Прес центар
Потпишан договор меѓу Логин Системи и Cisco Systems
Логин Системи постана нов овластен дистрибутер на Cisco Systems во Македонија

Скопје, 23.09.2002. Денес, на 23-ти Септември 2002 година Логин Системи потпиша договор за дистрибутерство со светскиот производител на мрежна и Интернет опрема, Cisco Systems од САД.

„Визијата на Логин Системи е да биде водечки провајдер на системи, солуции и услуги во областа на е-бизнисот и е-владата.“ изјави Венко Глигоров, директор на Логин Системи. „За да ја оствариме таа визија, определбата на Логин Системи е да соработува со светските лидери што произведуваат хардвер, софтвер и услуги. Овие производи и услуги, поврзани со производите и услугите на Логин Системи обезбедуваат иновативни начини на користење на ИТ во реализацијата на визиите на компаниите и институциите во Македонија и регионот.“

Моментално од мрежна опрема, Логин Системи нуди ISDN и WAN решенија од фирмата Eicon Networks која има значаен удел на пазарот во Македонија. Исто така Логин Системи нуди свичови и хабови од Hewlett-Packard. Сепак, овие производители не се ориентирани кон робусни решенија за поголемите корисници во делот на Интернет, WAN и VPN поврзувањата.

Затоа, Логин Системи воспостави соработка со светскиот лидер Cisco Systems и потпиша дистрибутерски договор. Според овој договор, Логин Системи ќе ги насочи своите активности кон (1) залиха на производите на Cisco за промптна испорака; (2) обезбедување на финасиски и логистички опции за своите партнери; (3) обезбедување поддршка на партнерите во поглед на знаење и искуство со производите на Cisco; (4) маркетинг.

„Ни претстои градење на продажна мрежа која ќе биде составена од најквалитетни ИТ фирми од Македонија“ изјави Коча Бошку, продуктен специјалист за Cisco во Логин Системи. „Нашиот модел на продажба е да ги опслужуваме корисниците преку продажни партнери кои може да понудат целосни решенија базирани на производите што ги дистрибуираме. “

До крајот на годината, Логин Системи планира да инвестира повеќе од 100.000 долари за (1) обучување на вработените за продажни и технички вештини; (2) обучување на партнерите за производната програма на Cisco; (3) присуство на врвни стручни лица и маркетинг настани; (4) воспоставување на инфо и хелплинија за Cisco; (5) залиха на производи и резервни делови.

...


За Cisco Systems
Cisco Systems, Inc. (NASDAQ: CSCO) е светски лидер за вмрежување за Интернет. Повеќе информации за Cisco Systems може да се најдат на http://www.cisco.com.


За Логин Системи
Формиран во 1991 година, Логин Системи е провајдер на ИТ производи и услуги за воспоставување и користење на концептите за е-бизнис и е-влада. Производите и услугите што ги нуди Логин Системи им помагаат на компаниите да ги намалат трошоците, да ја подобрат безбедноста и сигурноста и да ги интегрираат постојните системи и софтверски апликации.

Повеќе информации за Логин Системи и неговата дејност во Македонија може да се добијат на www.loginsys.com.mk или на телефон (02) 390-099. Нашиот корпоративен е меил е info@loginsys.com.mk.

 

 
Назад 

Креиран од markob на 23.09.2002