Повеќе за...
Појаснување
Во текстовите на информациите за јавноста се наоѓаат податоци за адреси, телефони и линкови кои биле важечки во тоа време. За да се зачува оригиналноста на информациите, сите податоци се ставени во изворна форма.
Најважни случувања
1991> Почеток со работа
1993> Прва MS Tech-Ed
1994> Chicago и манастир
1995> Дисти на Microsoft
1997> На сајтот на MS
1998> Win98 знае MK
1998> Прв веб сајт
2000> Иницијатива МАСИТ
2002> Содружник СЕАФ
2002> е-Декларација
2002> Договор со Cisco
2003> Mike Z во ЛС
2003> HP со Логин Системи
2004> Легализациска кампања
2007> Логин Системи инвестира во Косово
2007> Логин Системи се шири во Албанија
2008> Промена на сопственичка структура

 
Прес центар
Во организација на Логин Системи и „е-Македонија за сите“
Мајк Зафировски на бизнис форум во Логин Системи

Два претседатели: Борис Трајковски и Мајк Зафировски на бизнис форум во Логин Системи

На покана од Претседателот Борис Трајковски, а во рамките на активностите на комитетот „е-Македонија за сите“, во посета на Македонија дојде Mike Zafirovski, Претседател и главен оперативен директор на Motorola. Логин Системи организираше бизнис-форум со овој менаџер кој се вбројува во еден од најуспешните менаџери во светот.

На средбата претседателот Трајковски го запозна гостинот со вкупните состојби во нашата земја и притоа истакна дека нашите иселеници во странство, кои се успешни бизнисмени, треба да го најдат својот интерес за вложување во нашата земја и со тоа да го помагаат нејзиниот економски развој.

Во оваа смисла стана збор за можностите за евентуална соработка меѓу македонските компании и "Моторола", како и за воспоставување на деловни контакти со други големи компании од САД.

Г-дин Zafirovski изрази подготвеност да го сподели своето знаење, искуството во градењето на својата кариера и успехот на компаниите што ги раководел и раководи, во интерес на побрзиот економски развој на Република Македонија.

Мајк Зафировски на работно утринско кафе во Логин Системи

Повеќе информации:

 

Галерија на слики и кус опис на настаните: MikeZafirovskiVisitMacedonia.pps (800K)

 

...

За Логин Системи
Основан во 1991, Логин Системи е водечки увозник и дистрибутер за Microsoft, HP и Cisco Systems и креатор на иновативни решенија за електронски бизнис и е- влада.

Со користење на производите и услугите од портфолиото на Логин Системи, корисниците и фирмите се засилуваат со подобрување на нивната конкурентост и продуктивност, ја подобруваат безбедноста и ги интегрираат деловните системи.

Повеќе информации за Логин Системи ќе најдете на  www.loginsys.com.mk или на  +389 (0) 2 3090-099.

 

Назад 

Креиран од markob на 05.11.2003