Повеќе за...
Појаснување
Во текстовите на информациите за јавноста се наоѓаат податоци за адреси, телефони и линкови кои биле важечки во тоа време. За да се зачува оригиналноста на информациите, сите податоци се ставени во изворна форма.
Најважни случувања
1991> Почеток со работа
1993> Прва MS Tech-Ed
1994> Chicago и манастир
1995> Дисти на Microsoft
1997> На сајтот на MS
1998> Win98 знае MK
1998> Прв веб сајт
2000> Иницијатива МАСИТ
2002> Содружник СЕАФ
2002> е-Декларација
2002> Договор со Cisco
2003> Mike Z во ЛС
2003> HP со Логин Системи
2004> Легализациска кампања
2007> Логин Системи инвестира во Косово
2007> Логин Системи се шири во Албанија
2008> Промена на сопственичка структура

 
Прес центар
Активности на Логин Системи во ИТ индустријата
Од Април 2000, иницијатива за формирање ИТ здружение

Скопје, 26.04.2000

„Ние, Венко Глигоров (Логин Системи), Ѓоко Јосифовски (Неоком) и Герасим Ванчев (Семос Компјутери); покренуваме иницијатива за формирање на Здружение на информатички куќи во Македонија.“ започнува во писмото Венко Глигоров, директор на Логин Системи.

Иницијативата веднаш ја прифатија следните фирми:

  • Семос Компјутери, Скопје
  • Неоком, Скопје
  • Логин Системи, Скопје
  • МБС, Скопје
  • Ултра, Скопје
  • Макпетрол, Скопје
  • ЕЦС, Скопје
  • Паком, Скопје
  • Кодекс, Кавадарци

Во продолжение следи преглед на содржината на писмото упатено до 50тина ИТ фирми во Македонија.

Цели на здружението
--------------------------------

  • Подобрување на законските и економските прописи и услови (намалување на царини, ДДВ, итн)
  • Заштита на информатичките куќи од нелојалната конкуренција
  • Заштита на потрошувачите
  • Активности на зголемување на продажбата на производите и услугите на членките на Здружението

Начин на работа
-------------------------
Здружението се планира да работи на професионална основа: вработен, канцеларија, итн. Како Иницијативен одбор потребно е да партиципираме со по 300 ДМ за покривање на иницијалните трошоци за отварање на здружението. Наскоро ќе добиете и бизнис план за работењето на Здружението во наредниот период. Здружението ќе се финансира од членарина на членките на Здружението - околу 100 фирми што се занимаваат со продажба на производи од областа на хардверот и софтверот како и информатичките услуги.

Во здружението ќе членуваат фирми коишто ќе ги задоволуваат критериумите поставени од Здружението. Фирмите од иницијативниот одбор ќе бидат кандидати за Управен одбор на здружението.

Придобивки
-------------------
Придобивките од постоењето на Здружението се повеќекратни: зголемена продажба, подобри услови за работа, подобра поставеност на пазарот, заштита на трудот и инвестициите, итн.

Следни чекори
-----------------------------

  • Потребно е да го пријавите Вашето учество во ИО со Reply на оваа порака најдоцна до петок, 28.04.2000.
  • Веднаш после празникот ќе избереме адвокат којшто ќе ја „брка“ постапката за регистрација и подготовка на потребните документи
  • Ќе ги информираме сите информатички куќи што сакаат да се зачленат и ќе ја одредиме членарината (средина на Мај)
  • Ќе поставиме одговорно лице за водење на Здружението и поставување на критериуми за постанување на член (Крај на Мај/почеток на Јуни)
  • Прибирање на членарина и почеток со работа (1ви Јули 2000)

 


 

Назад 

Креиран од markob на 26.04.2000