Повеќе за...
Појаснување
Во текстовите на информациите за јавноста се наоѓаат податоци за адреси, телефони и линкови кои биле важечки во тоа време. За да се зачува оригиналноста на информациите, сите податоци се ставени во изворна форма.
Најважни случувања
1991> Почеток со работа
1993> Прва MS Tech-Ed
1994> Chicago и манастир
1995> Дисти на Microsoft
1997> На сајтот на MS
1998> Win98 знае MK
1998> Прв веб сајт
2000> Иницијатива МАСИТ
2002> Содружник СЕАФ
2002> е-Декларација
2002> Договор со Cisco
2003> Mike Z во ЛС
2003> HP со Логин Системи
2004> Легализациска кампања
2007> Логин Системи инвестира во Косово
2007> Логин Системи се шири во Албанија
2008> Промена на сопственичка структура

 
Прес центар
Во манастирот Св. Јоаким Осоговски
Семинар за нови технологии на Microsoft

Работна атмосфера во манастирот

Крива Паланка, Септември 1994:
Во организација на Логин Системи, група од ИТ експерти и ИТ менаџери на најголемите Македонски компании присуствуваа на семинарот за нови технологии на Microsoft во манастирот Св. Јоаким Осоговски, Крива Паланка.

На семинарот за прв пат се прикажа бета верзијата на новата верзија на Microsoft под работно име Windows Chicago. Вработените во Логин Системи се првите стручњаци од Македонија што добија привилегија и обврска да ги тестираат најновите можности на овој оперативен систем.

Семинарот беше поддржан од Compaq преку овластениот партнер во Македонија - скопската фирма Унипроком Компјутерс.

 

Галерија на слики

Сите учесници на семинарот: делегати, вработени во Логин Системи и соработници

Развиорени знамињата на Microsoft: од лево на десно: Огнен Фирфов, Тони Русомаровски, Венко Глигоров и Дарко Перушески

Логото на Microsoft Windows одлично се вклопува во манастирскиот комплекс

Валентина Димчевска предаваше за Office користење и програмирање

Манастирската трпезарија послужи за демо-лабораторијата за време на семинарот

 

 

Назад 

Креиран од markob на 28.09.1994