Повеќе за...
Појаснување
Во текстовите на информациите за јавноста се наоѓаат податоци за адреси, телефони и линкови кои биле важечки во тоа време. За да се зачува оригиналноста на информациите, сите податоци се ставени во изворна форма.
Најважни случувања
1991> Почеток со работа
1993> Прва MS Tech-Ed
1994> Chicago и манастир
1995> Дисти на Microsoft
1997> На сајтот на MS
1998> Win98 знае MK
1998> Прв веб сајт
2000> Иницијатива МАСИТ
2002> Содружник СЕАФ
2002> е-Декларација
2002> Договор со Cisco
2003> Mike Z во ЛС
2003> HP со Логин Системи
2004> Легализациска кампања
2007> Логин Системи инвестира во Косово
2007> Логин Системи се шири во Албанија
2008> Промена на сопственичка структура

 
Прес центар
Мајкрософт ја поттикнува заштитата на интелектуалната сопственост во Македонија
Најава за почеток на легализациската кампања на Microsoft

Скопје, 12.01.04: Една од обврските кои корпорацијата Мајкрософт ги презеде со потпишувањето на договорот за стратегиска соработка со Владата на Република Македонија беше и обезбедување на поволни услови за користење на лиценциран софтвер за деловните субјекти во Македонија.

Затоа, од 01.02.2004 до 30.04.2004 корпорацијата Мајкрософт обезбеди посебни, еднократно достапни услови според кои македонските деловни субјекти ќе можат да го лиценцираат софтверот на Мајкрософт кој сега го користат. На овој начин, Мајкрософт ќе придонесе кон унапредувањето на состојбите поврзани со почитувањето на правата на интелектуална сопственост во Република Македонија.

Почитувањето на овие права пак, е еден од важните услови за приближување на Македонија кон стандардите на СТО и ЕУ, организации во кои Македонија или членува или има аспирации да се зачлени. Доследната и систематична  заштита на интелектуалната сопственост во различни области е значаен фактор кој го поттикнува иноваторството и води кон побрз економски развој.

Деталите на условите за легализација на софтверот на Мајкрософт во наведениот период ќе бидат достапни со започнувањето на кампањата на 01.02.2004.

 

Назад 

Креиран од markob на 12.01.2004