ЛОГИН СИСТЕМИ ОТВОРИ СВОИ КАНЦЕЛАРИИ ВО КОСОВО
 |
| Венко Глигоров на свеченото отворање |
Денес, Логин Системи, водечкиот регионален дистрибутер на ИКТ опрема и решенија, со седиште во Скопје, Македонија, објави нова инвестиција – отворање на Логин Системи Косово и нови канцеларии во Приштина, Косово. На свеченото отворање присуствуваа деловните партнери на Логин Системи од Косово, претставници на странските мисии, медиумите, вработените и пријателите на Логин Системи.
На свечената церемонија на присутните им се обрати Венко Глигоров, генерален менаџер на Логин Системи:
Со задоволство можеме да објавиме дека соработката помеѓу Логин Системи и компаниите од Косово се подобрува што не охрабри да ја направиме оваа инвестиција и да воспоставиме локално присуство на овдешниот пазар“, изјави Венко Глигоров, генерален менаџер на Логин Системи. „Со новите канцеларии, сакаме да бидеме поблиску до нашите клиенти со цел подобро да можеме да одговориме на нивните потреби. Убедени сме дека и во иднина ќе инвестираме и во нови вработувања, едукација на пазарот во врска со Информатичко комуникациската технологија и ширење и споределување на нашите позитивни деловни искуства со Косовската заедница.“
За започнувањето на работата на Логин Системи Косово, Логин Системи веќе инвестираа $50.000 со намера да се инвестираат уште $100.000 за оперативни трошоци во првата година.
Локалната компанија ќе ги опслужува косовските ИКТ компании со светски-познатите ИКТ производи и решенија. Софтверските производи ќе вклучуваат производи од Microsoft, McAfee и Veritas.
Клиентите преку Логин Системи ќе можат да набавуваат мрежни производи од најпознатите
 |
| Првиот купувач - Газмин Селмани од PBC - Kosovo |
производители на мрежна технологија Linksys, Cisco и Motorola. Toshiba ќе биде главниот бредн за лаптоп компјутери, а за телефонски решенија, Логин Системи ги нуди Nortel и i-Mate/HTC.
Теута Пожегу и Дардан Илази се првите постојано вработени во Логин Системи Косово и ќе бидат поддржани од неколку хонорарни работници. Тие се докажани професионалци со работно искуство на неколку позиции во локални и интернационални компании во Косово.
„Понатамошниот развој на косовскиот пазар зависи од развојот и растот на малите и средни претпријатија во Косово.“ изјави Татјана Бошевска, оперативен директор на Логин Системи. „Досега овде го опслужувавме владиниот пазар и пазарот на големи претпријатија и со локална компанија во Приштина планираме подобро да го задоволиме SMB и пазарот на крајни корисници преку повеќе партнерства со косовските ИКТ компании.“
Новата компанија „Логин Системи – Косово“ е со седиште во деловниот целтар Bregu I Diellit – локал 2, и цо себе содржи и изложбен простор каде партнерите и корисниците ќе можат во живо да гин погледнат производите за кои се заинтересирани.