2007

ЛОГИН СИСТЕМИ ИНВЕСТИРА ВО АЛБАНСКИОТ ИКТ ПАЗАР

ЛОГИН СИСТЕМИ  ИНВЕСТИРА ВО АЛБАНСКИОТ ИКТ ПАЗАР

Конференцијата за медиумите

 

Официјално отворање на Логин Системи Албанија – директна странска инвестиција од Логин Системи, водечкиот регионален дистрибутер на ИКТ опрема и е-бизнис решенија

 Официјално на 20.11.2007  Логин Системи - Скопје, водечкиот регионален дистрибутер на ИКТ опрема и решенија, ја зајакна својата позиција на Албанскиот пазар со отварањето на подружницата „Логин Системи Албанија“ во Тирана. На свеченото отворање, кое се оддржа во хотел во близина на познатото место „Блоку“, присуствуваа претставници на локалните ИКТ компании (Информатичко Комуникациски Технологии); македонскиот амбасадор во Тирана Г-ѓа Благородна Мингова Крепиева; представници од Американската амбасада во Албанија, локални и македонски медиуми, како и вработени и пријатели на Логин Системи.

Логин Системи Албанија ќе ги опслужува албанските ИКТ компании со производи и решенија од светски познатите производители Microsoft, Linksys (division of Cisco Systems), Nortel, McAfee, Symantec, Motorola, i-mate и HTC PDA/телефони.

 

Со албанските компании соработуваме веќе 4 години, и решивме дека е време да бидеме локално присутни со канцеларија.“ - изјави Г-дин Венко Глигоров, генерален директор на Логин Системи. „Нормален чекор е да идеме понатаму, да вратиме нешто на Албанската економија преку вработување на локални кадри, соработка со албански организации и компании, со фокус на малите и средни претпријатија.“

Венко Глигоров со претставници од медиумите



Претставникот на Американската амбасада во Тирана, Г-дин Виктор Миев, потенцира дека долгогодишното искуство на Логин Системи во Македонија, може да се искористи во поставувањето на проектот е-влада овде во Албанија. „Е-влада е многу значаен не само за зголемувањето на продуктивноста на владиниот сектор, него и ќе допринесе во борбата против корупција. Проектот е-влада ќе значи и добар бизнис за сите компании-партнери на Логин Системи. Понатаму Логин Системи во Македонија е познат и по борбата за легализиран софтвер на фер начин за двете страни, како и по настојувањата да се обезбеди Интернет за секое семејство по пристапна цена. Јас верувам дека потенцијалите во овие три сфери, треба да се искористат“.

Македонската амбасадорка Г-ѓа Благородна Мингова Крепиева ја оцени инвестицијата на Логин Системи како уште една нова страна во односите помеѓу нашите две земји. „Трговската размена меѓу Албанија и Македонија секојдневно расте, а бизнис врските зајакнуваат. Така, во 2007 година таа ја престигна бројката од 10 милиони евра. Се надеваме дека овој тренд ќе се задржи и дека сé повеќе Македонски компании ќе инвестираат во Албанија.“
Македонската амбасадорка Г-ѓа Благородна Мингова Крепиева

Венко Глигоров и Виктор Миев


На прашањето, каквa е бизнис климата во Албанија?, Г-дин Венко Глигоров одговори: „ Бизнис условите овде се охрабрувачки. Процедурите се поедноставни, даночниот систем е поволен, а луѓето се амбициозни и сакат да работат. Позитивна оценка имам, а посебно за владата која сака да ги решава проблемите.
Можеби  инфраструктурата е послаба, но од месец во месец тоа се менува, се гради многу и верувам дека во нареден период тоа ќе се подобри.“

За почеток во новата компанија, се инвестирани повеќе од 50.000 УСД, а се планира да се инвестираат дополнителни 100.000 УСД во залихи и оперативни трошоци за една година. За сега Логин Системи Албанија брои тројца вработени.

Логин Системи Албанија е лоцирана во Тирана на Rr “Abdyl Frasheri” P.16 Shk.1 Ap.4. Можете да не контактирате на е-маил: info.al@loginsystems.biz ; web: www.lsa.com.al; тел: +355 48 30 19 66; факс: +355 4830 19 97.

 

Беше одржана презентација на Логин Системи пред партнерите, после што следуваше неформално дружење на кое партнерите подетално се запознаваа со вработените. 

На презентацијата присуствуваа голем број претставници од најголемите ИКТ компании во Албанија. Тие преку презентации и лично учество во дискусиите се запознаа со производите кои ги дистрибуира Логин Системи и кои се предностите од работењето со нашата компанија. Првите договори кои се случија на лице место беа поздравени со надеж за долгорочно взаемно успешно работење.

Медиумите за настанот

„Логин системи“ отвори претставништво во Тирана

„Логин системи“, водечки дистрибутер на ИТ-опрема и софтверски решенија во нашата земја, го шири својот бизнис во регионот. Компанијата отвори свое претставништво во Тирана и албанскиот пазар ќе го снабдува со софтверски производи од „Мајкрософт“, „Мекафи“ и „Веритас“. Потрошувачите можат да обезбедат мрежни решенија на „Линксис“, „Циско“ и „Моторола“, а меѓу другото „Логин системи“ ќе нуди и телефонски решенија на „Нортел “.

„Со отворањето на претставништвото во Тирана, поблиску сме до нашите партнери од Албанија. Веќе четири години работиме со албанските фирми, така што отворањето на претставништвото е логичен чекор“, изјави првиот човек на „Логин системи“ Венко Глигоров. Според него, бизнис-условите во соседна Албанија се добри и охрабрувачки, процедурите за регистрација на фирмите се поедноставени, даночниот систем е поволен. Рестрикциите на струја предизвикуваат тешкотии во работењето и во секојдневното живеење, инфраструктурата е слаба, но Глигоров појаснува дека тоа не треба да биде пречка во Албанија да инвестираат и други македонски компании. Освен во Тирана, „Логин системи“ во мај отвори претставништво и во Приштина.


„Логин системи“ го шири бизнисот

21.11.2007 19:48
Македонските компјутерски компании го шират бизнисот, по Косово, „Логин системи“ со информатичката технологија се пробива и на албанскиот пазар. Отворија канцеларии во Тирана.

„Со локалното отворање сме поблиску до нашите партнери и корисници во Албанија, инвестиција која ќе донесе и нови вработувања, ќе донесе еден квалитет повеќе за овој пазар, а за нас едно искуство повеќе во нашите настојувања да растеме и да се бориме на регионалните, па и на светските пазари“, изјави Венко Глигоров, „Логин системи“.

„50.000 долари инвестиравме на почетокот и 600.000 долари планираме да инвестираме во текот на наредната година. Би се стабилизирале на подрачјата на коишто работиме“, додаде Глигоров.

„Логин Системи“ сега ќе шири и во Албанија

По проширувањето на косовскиот пазар, водечкиот регионален центар на информатичка технологија „Логин Системи“ сега ќе шири и во Албанија. Целта е унапредување на економските односи меѓу Македонија и Албанија.
 
„Ова е голем чекор за нас, со отворање на канцеларии сме поблиску до нашите партнери во Албанија. Ова инвестиција ќе донесе нови вработувања,а за нас искуство повеќе да растеме на регионалниот и светскиот пазар. Ние веќе работиме со албанските фирми ,ова беше нормален чекор да вратиме дел од приходите во локалната економија. Земјата е близу добро сме прифатени. Инвестицијата е мала, но планираме да се шириме“, вели Венко Глигоров, генерален менаџер на Логин Системи.

Назад 

Креиран од markob на 22.11.2007