Татјана Бошевска постана со-сопственик во
Логин Системи
Венко Глигоров трансферира 3% од неговиот содружнички удел во Логин Системи на Татјана Бошевска, оперативен директор во Логин Системи за износ кој е со дисконтирана стапка во однос на пазарната вредност.
 |
|
Венко Глигоров, Татјана Бошевска и претставниците на СЕАФ
|
Скопје, 17.03.2008 година. Денес, пред вработените и менаџерскиот тим, сопствениците објавија дека Татјана Бошевска, оперативен директор во Логин Системи постана и со-сопственик во Логин Системи. Венко Глигоров, еден од сопствениците се договори со Татјана Бошевска за трансфер на неговиот содружнички удел од 3% за износ кој е со дисконтирана стапка во однос на пазарната вредност на Логин Системи. Актуелниот договор ќе се спроведе до крајот на месец март во деловните книги на Логин Системи.
„Прекрасно е чувството кога една долгогодишна деловна соработка ќе се заокружи со партнерство во Логин Системи.“ изјави Венко Глигоров, основач, со-сопственик и генерален менаџер во Логин Системи. „Тања е пример за вработен, колега и менаџер во една фирма како што секој може да посака.“
Во тимот на Логин Системи, Татјана Бошевска се приклучи во 1996 година со премин од една друга фирма за многу пониски плата и примања. Според Венко Глигоров, во текот на сиве овие години Тања покажува исклучителни вредности и тоа пред се' чесност, интегритет, „борба“ за фирмата, страст за победи и успех - личен и на фирмата.
„Упорноста и педантноста се нејзините силни страни, а Тања совладуваше речиси невозможни предизвици, знаења и вештини, се стекна со многу дипломи и го круниса своето образование со MBA диплома од Универзитетот Шефилд во Солун. При тоа покажа извонреден сенс за клучните моменти во фирмата кога жртвуваше дел од своето приватно (лично) време за да не ги остави менаџментот и другите колеги во незавидна положба.“ истакнува Глигоров.
 |
 |
|
Првите честитки на новиот ко - сопственик на Логин Системи
|
Покрај тоа, во последните години Татјана Бошевска активно учествува во менаџмент средбите на сопствениците Венко Глигоров и СЕАФ. Исто така таа имаше многу важна советодавна и истражувачка улога во формирањето и првичното работење на Сојузот на стопански комори на Македонија како и на глобалната иницијатива Македонија 2025. Без нејзиното ангажирање, Логин Системи многу потешко ќе ги отвореше подружницата во Битола, како и фирмите во Косово и Албанија.
Татјана Бошевска е магистер по менаџмент при Универзитетот Шефилд и дипломиран електро-инженер со смер од информатика и автоматика. Таа е во брак со Михаил и е мајка на две малолетни деца. Денес, Тања е ментор за млади менаџери во програмата „Top class“ при Центарот за развој на претприемачи и менаџери CEED – Скопје.
Според Дејан Калиников, претставник на СЕАФ, еден од со-сопствениците на Логин Системи, пристапувањето на Тања во сопственичката структура е добар потег за фирмата. „Таа веќе е инволвирана во носење на сите поважни стратешки одлуки на Логин Системи и со нејзиното инволвирање како со сопственик ќе може да ги гледа работите и од друг аспект со што сите ќе имаме корист.“
 |
 |
|
Косопствениците и вработените на Логин Системи
|
„Можностите за персонален и профес ионален развој на вработените се големи во Логин Системи.“ изјави Татјана Бошевска, оперативен директор во Логин Системи и нов со-сопственик. „Како врв на сите тие можности, од денес тоа е и опцијата за откупување на удел во фирмата, со што се заокружува и станува комплетно сето она што една растечка и современа фирма може да понуди на своите вработени.“
Важна определба на Логин Системи е вработените да имаат максимално добри услови за работа за да може да ги задоволуваат своите потреби за работа и да може да заработуваат. Логин Системи нуди разни видови на опции за примања на вработените и тоа компензациони пакети со основен и варијабилен дел од платата, бонуси и награди за остварување и надминување на плановите, атрактивни бенефиции, учество во профитот како и откупување на удел во фирмата по некомерцијални услови.
Во 2002 година, СЕАФ инвестираше речиси половина милион американски долари и стана со-сопственик на 35% од уделот во Логин Системи. Од тогаш до денес, Логин Системи го зголеми своето оперативно работење и постигнува деловни резултати за повеќе од 10 пати. Од македонска фирма со 20 вработени, Логин Системи е регионална фирма со 50 вработени со седиште во Скопје, подржужница во Битола, и фирми во 100% сопственост во Приштина од Косово и Тирана од Албанија. Според извештајот што го прави Еуробизнис, неколку години по ред, Логин Системи се наоѓа на листата на 200 најголеми и најуспешни фирми во Македонија.
СЕАФ е американски инвестициски фонд со седиште во САД. Акционери во СЕАФ се USAID, EBRD, IFC (дел од Светска банка) и германски инвестициски фонд DEG.
# # #
За Логин Системи
Формиран во 1991 година, Логин Системи е водечки регионален провајдер на информатичко-комуникациските решенија базирани на најголемите софтверски компании во светот (Microsoft, Symantec и McAfee), најуспешните производители за комуникациска опрема (Linksys, Nortel и Motorola) и иновативниот лидер во областа на компјутерската опрема и услугите (Hewlett-Packard, Intel, i-mate и HTC).
Преку својата широка партнерска мрежа, составена од независни компјутерски и комуникациски фирми, Логин Системи ги обезбедува производите и соодветните решенија со ефикасна логистички услуги, покривана од финансовиот сектор и професионалните услуги, излегувајќи во пресрет на потребите на потрошувачите во регионот.
Повеќе информации за Логин Системи и неговата дејност во Македонија може да се добијат на www.loginsys.com.mk или на телефон (02) 3090 100. |