|
|
|
|
Успешна приказна
Превземи приказна
Препорачани партнери
|
 |
 |
|
LG-NORTEL - СО ПАМЕТНИ ТЕЛЕФОНСКИ РЕШЕНИЈА ДО ЗНАЧИТЕЛНА ЗАШТЕДА!
|
|
|
 |
На кратко за ССКМ
Формиран во 2004 година, Сојузот на
стопански е самостојна, независна,
неполитичка и непрофитна огранизација
во која се здружени шест стопански комори Индустриска, Трговска,Услужна, Агробизнис,
ИКТ и Туристичко-угостителска комора.
Сојузот на стопански комори во
изминативе пет години препасна во
респектабилна организација на малите
и средни претпријатија во Република Македонија. Со 600 фирми кои се активни членки, ССК настојува да го подобри
деловното опкружување и да даде
силен поттик на отворање на
нови микро, мали и средни претпријатија.
|
|
Приказна
Иако организација со релативно мал број на вработени,Сојузот на Стопански Комори на Македонија (ССКМ)воден од потребата за полесно и поквалитетно комуницирање, како интерно така и со своите партнери ја започна својата успешна приказна во однос на имплементацијата на Телефонско решение која сеуште трае и чии предности се чувствуваат секојдневно.
“Како деловна мрежа постојано сме во контакт со фирмите членки и ни беше потребна напредна телефонска централа.По меѓусебните консултации, се одлучивме за центтралата LG Nortel на Логин Системи која не воодушеви со своите функционалности, а воедно и ги надмина сите наши очекувања во поглед тоа што треба да значи еден современ телекомуникациски систем.“ го започнува разговорот г-динот Владимир Матевски, директор на ССКМ.
Успешна Реализација и Заштеда
Со оглед на големиот број на интернационални повици реализирани од страна на ССКМ, логичен потек е имплементацијата на VoIP функционалност со помош на која сите повици кон странски дестинации се по екстра повластени стапки и истото повлекува радикални заштеди на средтсва во тој однос.
Дополнителната функција за додавање на IP телефони овозможува мирна интеграција на евентуалните оддалечени подружници и/или мобилни корисници на овој телефонски сервис.
Одлични впечатоци добивме и од Катерина Пановска, одговорна за односи со јавноста при сојузот на стопански комори.
“Сега, сите колеги имаат посебни локали, со што сме достапни во секое време, а и комуникацијата е многу полесна. Дополнителна предност добивме и со имплементација на Автоматската секретарка, со што добивме одличен систем за гласовно водење на пораките. Сега сите повици на партнерите ги пречекува систем кој ги поздравува и им предложува избор на опции кој понатаму ги водат до крајната дестинација. Навистина многу згодна придобивка која директно се одразува на целокупната продуктивност“ вели Катерина.
“Како дополнителна вредност на LG-Nortel телефонските централи е поддршката и сервисот понуден од Логин Системи кој успешно се справува во делот на измени, индивидуализација на сервисот и останатите сегменти во опсегот на телекомуникациите кои се составен дел од секоја една современа организација“, го завршува разговорот г-дин Владимир Матевски.
|
За Производот
Изградете базично телефонско решение во само три чекори:
1.Поврзете ја ipLDK телефонската централа
Поставете ја ipLDK во делот предвиден за таа намена во вашата фирма/организација
2.Додадете ги телефонските уреди
Додадете ги LG-Nortel телефоните за корисниците
3.Поврзете ги влезните линии
Вклучете ги влезните телефонски линии во делот на централата означен за тоа
Веќе имате функционален телефонски систем со базични опции.Телефонските локали автоматски се додаваат по реден број, внатрешните корисници веќе имаат излез кон надворешната мрежа, а клиентите можат да ве добијат.
Следен чекор би бил конфигурација на понапредните опции, VoIP функциите, паметно рутирање на повиците, Контакт Центар апликациите и групите за кои тимот специјалисти од Логин Системи и широката мрежа на сертифицирани партнери, Ви стои на располагање.
|
|
Логин Системи е водечки регионален дистрибутер за производите на
Microsoft,HP,Linksys,LG-Nortel,EMC,HTC,Hyundai,Sony и McAfee.
ул.Прашка 23, 1000 Скопје
тел:02 3090 100, факс 02 3090 213
www.loginsys.com.mk/lg-nortel
|
|
|