ipLDK20

• До 24 екстензии
• Максимум 8 VoIP канали
• Максимум 8 влезни линии (PSTN, BRI)
• State of the Art технологија за мали бизниси!
IpLDK-20 системот може да понуди опсежен сет од комуникациски карактеристики, истовремено нудејќи опции кои се одлика на многу поголемите и пософистицирани системи. Додатокот на напредни фукнции како што се VoIP, мрежни особини, компјутерска интеграција, УСБ конективност итн. го позиционираат овој систем на самиот браник од технолошката инвентивност во телекомуникацискиот сектор. Егрономијата и функционалноста го прават ова решение идеално за сите ваши бизнис потреби, овозможувајќи ви целосна слобода на движење истовремено користејќи го системот, било да сте во канцеларија, дома или пак на пат.
• Voice Over IP – Денес
ipLDK20 може да се инсталира и користи како традиционален телефонски PBX но, сепак во која и да било фаза од вашето работење стигне VoIP побарувањето истиот тој систем може лесно да се интегрира со вашите бизнис побарувања, и секако да придонесе намалување на трошоците и до 60%.
• Напредни Функции
VoIP (8 канали)
Безжични LAN екстензии 8
Автоматска Секретарка
Говорна Пошта
Multi-Site мрежна технологија
Hot Desking
Апликации за компјутерско поврзување (софтверски телефони и софтврска секретарка)
Повеќеопционална монтажа (Ѕидна или 19” Рак – Кабинет)
• Говорна Пошта и Автоматска Секретарка
Во кој и да било дел од вашето работење со ipLDK20 системот можете да ги додадете опциите како што се Говорна Пошта и Автоматска Секретарка. Говорната пошта дозволува до 200 минути на време за снимање на пораки со можност од снимање и/или преслушување на три пораки истовремено. Автоматската секретарка од своја страна во дозволува снимање на сопствени пораки кои ќе бидат адресирани до сите јавувачи со опција понатаму клиентот да се упати атоматски со бирање на број кон одредена група која е цел на неговиот интерес пр. (продажба, маркетинг итн.) или пак директно да ја бира бараната екстензија. Во прилог на овие функции може да се додаде и Музика на Чекање, преслушување на новости, рекламни пораки од вашата компанија итн.
• Аналогни (PSTN) или Дигитални (ISDN) телефонски линии
ipLDK20 системот е идеален за мали компании чија побарувачка ќе биде задоволена со макс. 24 екстензии како и стандардни 2 ISDN линии со опција за надоградба на дополнителни 2. Системот исто може да се конфигурира и како варијација од поцеќе видови на влезни линии: 2 ISDN2 линии и 4 PSTN аналогни линии, овозможувајќи капацитет од вкупно 8 линии.
Истовремено постои и опција за компании кои немаат / не сакаат ISDN влезни линии. Стандардниот пакет од 4 PSTN аналогни линии лесно може да се надогради со уште 4, овозможувајќи вкупно 8 PSTN аналогни линии.
• Multi-Site мрежна технологија
Како член на семејството ipLDK, една од најнапредните опции на овој PBX е можноста за интеграција во мрежа со повеќе ipLD K систем што истовремено му додава вредност како самостоен и/или мрежен систем. iv>