Skip Navigation Links
Решенија
Производи
Подршка
Партнери
Печат
За нас
Контакт

ipLDK300Е

• До 576 екстензии
• Максимум 96 VoIP канали (200 IP транкови)
• Максимум 384 влезни линии (PSTN, BRI, PRI)
• До 192 безжични дектови

• Гласовна и IP конвергенција за Идната Генерација Комуникациски Платформи Во светот на бизнисот и брзите технолошки промени, потребна ви е платформа со која ќе можете да одржите чекор кон наметнатите трендови. Системот кој ви е потребен мора да ви излезе во пресрет на базичните бизнис-комуникациски побарувања, да стои цврсто на ветувањето во поглед на оптимална VoIP конекција како и да ви стави на располагање широка лепеза н апликации и софтверски алатки кои директно ќе придонесат во подигнување на нивото на ефикасност и продуктивност. ipLDK системот е дизајниран да ви го понуди точно тоа! ipLDK системот на LG-NORTEL претставува напредна дигитална/IP комуникациска платформа, истовремено споена со можностите кои ни ги нуди VoIP технологијата, како и комплетен сет на апликации, кои сумирано ви го претставуваат технолошки неспоредливиот ipLDK PBX BOX кој дедицирано е адресиран на задоволување на сите ваши комуникациски потреби.

• Voice Over IP – Денес ipLDK20 може да се инсталира и користи како традиционален телефонски PBX но, сепак во која и да било фаза од вашето работење стигне VoIP побарувањето истиот тој систем може лесно да се интегрира со вашите бизнис побарувања, и секако да придонесе намалување на трошоците и до 60%.

• Напредни Функции Високо квалитетно VoIP решение Напредни Бизнис Софтверски Апликации Безжични LAN Екстензии (до 40) Автоматска Секретарка Говорна Пошта Multi-Site мрежна технологија Hot Desking Апликации за компјутерско поврзување (софтверски телефони и софтврска секретарка) QOS (Квалитет на Сервис) и Безбедни VPN конекции Контакт Центар Менаџибилност и Супервизија Компјутерски алатки (PC ADMIN) за менаџмент Поддршка за WiFi дектови Виртуелни конференциски соби Редундантно Напојување

• Високо Квалитетно VoIP Решение Напредната VoIP технологија инкорпорирана во системите на LG-NORTEL, дефинитивно ги исполнува дадените ветувања: Лесно поврзување на корисниците користејќи широкопојасна конективност WAN поврзување на повеќе оддалечени системи Креативни бизнис алатки достапни преку вашиот LAN Терминалско поврзување преку аналогни, дигитални, IP или пак софтверски телефони Можност за SIP транкови

• Напредни бизнис апликации Широко портфолио на сопствени и “3rd party” апликации: Контакт Центар: MIS базиран со целосна PC поддршка и супервизија “ez Attendant”: PC базирана софтверска секретарка со можност за поделба на ресурсите и базите со софтверски телефони. Стандардни TSP за “3rd party” CTI апликации Интегрирана Автоматска Секретарка и Говорна Пошта

• Иновативни и стилски дизајнирани телефонски уреди Иновативниот дизајн и функционалности на новата LDP-7000 серија дигитални телефонски уреди ги задоволува сите бизнис аспекти и потреби на еден сериозен бизнис корисник. Почнувајќи од основниот/влезен модел па се до најнапредните терминали со широк дисплеј во боја, на располагање ни е комплетно портфолио кое лесно може се адресира до најразличните потреби на корисниците.

• Функционално богат систем кој истовремени ја штити вашата инвестиција LG-NORTEL е еден од главните дистрибутери на опрема до најголемите светски телекомуникациски компании веќе повеќе од 5 децении. Од друга страна LDK телефонските системи за мали и средни компании се глобално присутни веќе 1 деценија. Самите факти зборуваат за квалитетот на овие системи и напорите кои LG-NORTEL ги вложува се со цел постојано надградување на опциите и функционалностите за да сумирано сме во можност да ви понудиме еден исклучително богат и функционален систем по крајно конкурентска цена.

• ipLDK терминали и Телефонски Уреди Програмата на LG-NORTEL покрај флексибилните телефонски ситеми нуди и широко портфолио на дигитални и IP телефонски уреди кои се специјално дизајнирани пооделно да се адресираат во задоволувањето на потребите на спефичните побарувања на клиентите. Десктоп терминалите 7004N и 7004D како и 7008N и 7008D се одличен избор за базични системски услуги, додека 7016D и 7024D се понапредни телефонски уреди кои инкорпорираат повеќе иновативен пристап, мобилност итн. 7024LD со напреден дисплеј е идеално решение за корисници кои бараат најнапредни функции и професионален пристап.
Copyright(c) 1998-2008 Логин Системи ДОО.