Skip Navigation Links
Решенија
Производи
Подршка
Партнери
Печат
За нас
Контакт
Skip Navigation LinksДома > Решенија > Деловни Решенија

Деловни Решенија од LG-Nortel

Гласовна и IP конвергенција за идната генерација комуникациски платформи
 Во светот на бизнисот и брзите технолошки промени, потребна ви е платформа со која ќе можете да одржите чекор кон наметнатите трендови. Системот кој ви е потребен мора да ви излезе во пресрет на базичните бизнис-комуникациски побарувања, да стои цврсто на ветувањето во поглед на оптимална VoIP конекција како и да ви стави на располагање широка лепеза н апликации и софтверски алатки кои директно ќе придонесат во подигнување на нивото на ефикасност и продуктивност. ipLDK системот е дизајниран да ви го понуди точно тоа! ipLDK системот на LG-NORTEL претставува напредна дигитална/IP комуникациска платформа, истовремено споена со можностите кои ни ги нуди VoIP технологијата, како и комплетен сет на апликации, кои сумирано ви го претставуваат технолошки неспоредливиот ipLDK PBX BOX кој дедицирано е адресиран на задоволување на сите ваши комуникациски потреби.

Функционално богат систем кој истовремени ја штити вашата инвестиција
LG-NORTEL е еден од главните дистрибутери на опрема до најголемите светски телекомуникациски компании веќе повеќе од 5 децении. Од друга страна LDK телефонските системи за мали и средни компании се глобално присутни веќе 1 деценија. Самите факти зборуваат за квалитетот на овие системи и напорите кои LG-NORTEL ги вложува се со цел постојано надградување на опциите и функционалностите за да сумирано сме во можност да ви понудиме еден исклучително богат и функционален систем по крајно конкурентска цена.

•Иновативни и стилски дизајнирани телефонски уреди
Иновативниот дизајн и функционалности на новата LDP-7000 серија дигитални телефонски уреди ги задоволува сите бизнис аспекти и потреби на еден сериозен бизнис корисник. Почнувајќи од основниот/влезен модел па се до најнапредните терминали со широк дисплеј во боја, на располагање ни е комплетно портфолио кое лесно може се адресира до најразличните потреби на корисниците.

• Напредни бизнис апликации
Широко портфолио на сопствени и “3rd party” апликации: Контакт Центар: MIS базиран со целосна PC поддршка и супервизија “ez Attendant”: PC базирана софтверска секретарка со можност за поделба на ресурсите и базите со софтверски телефони. Стандардни TSP за “3rd party” CTI апликации Интегрирана Автоматска Секретарка и Говорна Пошта

• Високо Квалитетни VoIP Решенија
Напредната VoIP технологија инкорпорирана во системите на LG-NORTEL, дефинитивно ги исполнува дадените ветувања: Лесно поврзување на корисниците користејќи широкопојасна конективност WAN поврзување на повеќе оддалечени системи Креативни бизнис алатки достапни преку вашиот LAN Терминалско поврзување преку аналогни, дигитални, IP или пак софтверски телефони Можност за SIP транкови
Copyright(c) 1998-2008 Логин Системи ДОО.