Skip Navigation Links
Решенија
Производи
Подршка
Партнери
Печат
За нас
Контакт
Skip Navigation LinksДома > Решенија > Хотелски Решенија

 
IPLDK Услуги за Хотелиерство

 Додадете акцент на максимална ефикасност и професионалност во вашето работење
со ipLDK платформата комбинирана со напредниот софтвер за хотелиерство од LG-Nortel

 ПРВИОТ ЧЕКОР на добрата бизнис практиката на секој хотел се базира на овозможување на пријатна и релакс атмосфера при најавата на секој гостин и првиот контакт со сместувачките капацитети. Иницијалното искуството кое гостите го имаат е клучниот фактор од кој зависи целокупниот впечаток и оценка на вашите услуги. Круцијални фактори кој ќе ви помогнат да го заокружите овој дел се осврт кон технологијата но, сепак задржувајќи се на ниво на кое истат технологија ќе ја претставите како ефикасен дел од вашето работење и лесна за користење за секого. Не е битно дали се работи за клима уред, ТВ или телефонија, се освен кратки и едноставни насоки би било комплексно и фрустрирачки за вашите гости со кое самите си го наметнувате ризикот инвестицијата која треба да додаде вредност на вашиот бизнис и услуги, да се претвори во одговорност и кочница.

ТОКМУ ЗАТОА, за разлика од некои системи кои само ја додаваат телефонската хотелиерска услуга во својот бизнис модел, Хотелиерскиот Систем на LG-NORTEL е специфично дизајниран и дедициран систем кој комплетно се интегрира во вашата бизнис околинам истовремено осигурувајќи, едноставно и лесно ракување со телефонскиот систем од страна на гостите но, и запазувајќи бизнис логиката и потребите на вашиот персонал во однос на ротирање на смени, сегментирана најава, скалабилни привилегии итн.

СУМИРАНО, што и да е основа на вашиот бизнис (Хотел, Мотел, Пензионерски Дом, Болница, Мини Хотел итн.) можноста да обезбедите флексибилна и ефикасна солуција дефинитивно ќе додаде вредност на вашите услуги и истовремено ќе придонесе за зголемување на профитот и дополнителен повратен бизнис. Истовремено, логичките и лесни операции за одржување на системот ќе во овозможи квалитетно високо ниво на поддршка за корисниците.


Карактеристики на системот за Хотелиерство на LG-NORTEL

• Најава/Одјава Најавата и одјавата на гостите е процес кој се одвива брзо и лесно. Името на гостинот може да се додаде во системот во времето на Најава и да се прикажува секоја пат кога ќе иницира или прими телефонски повик. Може да се подеси Класа на Сервис – КОС (преку кој може да се додаваат/одземаат привилегии во однос на привилегии за повикување на дестинации итн.) кој може да се измени во секое време. При одјавата на гостинот Класата на Сервис – КОС се ресетира од почеток и се бришат сите пораки до гостинот кои биле оставани/зачувани за време на неговиот престој. Начинот на наплата (по дестинација, ПостПејд или Припејд) можат да се подесат при најавата на гостите.

 • Статус на Собата Статусот на секоја соба може да се провери од главниот деск при што може да се види дали е чиста/потребно чистење или пак е потребен некој дополнителен сервис. Персоналот може да го ажурира статусот користејќи го телефонот на секоја соба.

• Одредување на Телефонските Тарифи Можност за употреба на алтернативни оператори и терминација на сообраќај (пр. VoIP), одредување на најевтини рути, како и детални сметки за гостите прикажжувајќи време, број, времетраење и цена на повиците. Одредувањето на цените секако би можело да додаде дополнителен профит како и значително да го скрати времето потребно за враќање на инвестицијата.

• Прикажување на името на гостинот Повиците до сервисните телефонски уреди, фронт десковите, одржување на собите итн. Може да се означат со името на гостинот и бројот на неговата соба.

 • Повеќе фронт дескови Хотелиерските услуги на LG-NORTEL дозволуваат и екстендирање и виртуелно поместување на фронт десковите независно од нивната физичка локација

• Нумерациска шема на собите Можност за нумерирање на телефонските екстензии во зависнот од бројот на собата (до 4 цифри)

• Едноставни шеми на повикување Можност за 1 цифрено бирање за круцијалните сервиси како на пр. Ресторант, Фронт Деск, Консиерж, Одржување итн., се во однос на полесна е поедноставна достапност на службите

• Контрола на трошоците Без разлика дали Хотелиерскиот систем на LG-NORTEL ќе го користиме самостојно или интегриран во постоечкиот ситем на хотелот, можеме да доставуваме моментален увид во сметката и трошоците.

• Барирање на повици за празни соби При одјава на гостинот, телефонот во собата автоматски се барира и се пренасочува кон полиса “Само за внатрешни повици” се со цел спречување на малициозно и наовластено користење на телефонскиот систем. Статусот во однос на одржувањето (чисто/нечисто) може да се смени но, што се однесува до тел. бирање се, освен ургентните броеви е забрането. Со најава на нов гостин, автоматски се обновуваат привилегиите.

• Говорни Пораки Гостите имаат можност да примаат говорни пораки на нивните телефони (од Фронт Деск, Консиерж и останатите служби), кои ви зависност од телефонскиот уред можат да се индицираат со лед диода на тел. уред. Преслушувањето на пораките е едноставно и се што треба да се направи е да се следат говорните насоки доколку сакаме да направиме повратен повик од бројот кој не повикал.

 • Будење Гостите имаат можност да изберат помеѓу сопствено програмирање на аларм за будење на телефонскиот уред, или пак тоа може за нив да го стори Фронт Дескот.

 • Безжични дект телефони Телефонскиот систем може да се опреми и со безжични дект телефони од LG-NORTEL кои ја користат готовата безжична инфраструктура на хотелот за целосно покривање на просторот, кој може да им го ставите на располагање на персоналот и/или гостите во критични моменти овозможувајќи им мобилност на целата површина на хотелот. Додавање на оваа предност кон Фронт Дескот овозможува Нон-Стоп достапност на критичните служби. Хотелското Решение на LG-NORTEL пресликано во ipLDK системот гарантира постојана достапност, ефикасност и брзина на услугите за сите инволвирани страни во вашиот бизнис, овозможувајќи ви чекор со напредната технологијата и допир со еден од најдобрите телефонски системи за Хотелско работење воопшто на пазарот.

 • ФРОНТ ДЕСК Телефони Мултифункционален телефон чија намена е главен операторски телефон. Фронт Деск позиција и лесна комуникација со собите, вклучувајчи цела лепеза на напредни фукнции.

 • ХОТЛАЈН Телефони Телефони чија намена е за лесна комуникација со хотелскиот оператор, повикување на такси служби итн. Најчеста позиција на овие телефони се хотелските ходници, фоаје, ресторант итн.

• PC интеграција (софтверска секретарка) Се-во-едно софтверска апликација за менаџирање на сите повици. Овозможува извршување на сите потребни операции, почнувајќи од наједноставните како што е трансфер на повици и аларми па се до напредни хотелиерски услуги, наплата, печатење сметки итн.

Copyright(c) 1998-2008 Логин Системи ДОО.