Производите од портфолиото на Логин Системи најчесто се дел од целосни решенија и како такви треба да функционираат согласно потребите на корисниците. Затоа поддршката на производите од портфолиото на Логин Системи има се’ поголемо значење во работењето на Логин Системи. Исто така Логин Системи се стреми да ги следи светските бизнис-трендови кои се карактеризираат со продажба на услуги и целосни кориснички искуства. Ваквата поддршка има за цел да помогне на нашите продажни партнери да го зголемат задоволството во користењето на производите и решенијата на крајните корисници.
Основната задача на поддршката што ја нуди Логин Системи е да ги задоволи потребите за поддршка на продажните партнери и крајните корисници, да биде во согласност со законските прописи на Македонија и да помогне во испочитување на обврските што ги превземаат производителите во поглед на гаранциите на своите производи.
Покрај другите групи од Логин Системи што нудат различни типови на поддршка (продажна, финансиска, логистичка), за да обезбеди квалитетна техничка и корисничка поддршка Логин Системи го формираше тимот „Грижа за корисници и сервис“. Исто така Логин Системи воспостави интегриран систем за услуги и сервис базиран на Navision кој ја подобрува ефикасноста на услужните процеси, помага во мониторирање на доверливоста на производите и стимулира персонализирана услуга за голема и разнородна група на партнери и корисници.
Поконкретно, Логин Системи ги нуди следните услуги за своите продажни партнери и крајни корисници:
- Враќање на производи во Логин Системи од разни причини (оваа услуга важи само за нашите партнери кои купуваат од Логин Системи)
- После-продажна грижа за корисници и сервис
- Прет-продажна и продажна техничка поддршка - конфигурирање, инсталирање, имплементирање (прилагодување) и тренинг
- Консалтинг
- После-продажна техничка поддршка - одржување
Важно е да се напомене дека еден дел од овие услуги се бесплатни, а за некои услуги наплатуваме одредени износи.